(Видео) Бер Грилс сака да преживува со Џоковиќ на српските планини: Еве како помина Федерер и што мораше да јаде за да преживее

Робинсон Крусо на денешницата, познатиот автор и водител на емисијата која го носи неговото име Бер Грилс, изјави дека би сакал во еден од неговите наредни серијали да го сними баш во Србија, а гостин да му биде Новак Џоковиќ.

Британецот кој стекна светска популарност со емисијата во која преживува на најсуровите места во светот, во интервју за “Недељник” изјави дека барем една епизода сака да сними во Србија.

– Природната убавина на Србија е спектакуларна. Обично кога бираме локации за снимање, одлучуваме тоа да бидат оние кои нудат разноликост, а Србија нуди полн пакет- планини, реки, шума, богата природа и неверојатна дивина. Доколку Новак Џоковиќ се согласи да биде мој гостин, повеќе од сигурно дека би снимиле епизода во Србија- изјави Бер Грилс.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.