На 17-ти Октомври 2026г. /сабота/ од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Вечер на фолклор за деца и млади „Играме заедно“.
Домаќин на вечерта, која е под мотото „Убавината на различностите“ е КУД „Моминок“ кое твори и работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“.
Освен КУД „Моминок“ на вечерта ќе се претстават:
КУД „Младост“ од Кичево,
КУД„Илинден“ од Кривогаштани
ФГ „Вапцаров“ при ЦК од Делчево
КУД „Лазарица“ од Станари, БИХ, и
КУД „Охриѓанка“ од Охрид.
Манифестацијата за првпат се реализира, а во иднина се планира да прерасне во фестивал.
























