Венко Филипче и Вице Заев на своите средби не разговарале за тендери, туку можеби за продажбата на Мамас производите (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев преку изјава од собраниската говорница изјави за што разговарале министерот Венко Филипче и неговиот брат.

-Разговараа со мојот брат тоа што секој ден го разговараат со граѓаните, помагајќи за подобра асистенција, да може некој подобро да биде прифатен, подобро да биде достапна услугата, да можат да се вградат повеќе можности за лицата со посебни потреби, да се најде начин за ортопедските помагала, тоа е нешто за што разговарале, вели Заев.

Тој додава дека можат да разговараат и за ајварот Мамас, немаат допирни точки, брат ми не е лекар.

-Разговарале затоа што допираат граѓани и замолуваат да се помогне и да влезат во програма кога и да е, јас сум и пријател и другар со моите министри од сите политички партии.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.