Велелепниот храм Св. Петка по повод црковната слава ги поканува верниците на света литургија со која ќе чиноначалствува Владиката Петар

Храмот Св. Петка во населбата точила во Прилеп ги поканува верниците на света литургија по повод празникот Света преподобна маченичка Параскева Римјанка, кој се празнува на 8 август.

По повод храмовата слава, а во светлината на преданието, од нашите предци нам предадено, на ден 08.08. 2020 година (сабота) ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во петок (07.08.2020 ) со почеток во 17:00 часот.
Литургиското чествување ќе започне во 8.00 ч., со кое ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинaa на Карпалак.

Се замолуваат верниците, при посетата на храмот и богослужбата, да ги почитуваат мерките за заштита (носење маска) од кopoнавиpycoт.

Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.