Вардар се сака и кога победува и кога губи: Погледнете како “Комити” грмеа и покрај тоа што Вардар губеше со 14 разлика (Видео)

Европскиот ракометен шампион Вардар го забележа првиот пораз во групната фаза од Лигата на шампиони, откако во Скопје беше поразен со високи 20:31 од германски Кил.

Иако Вардар одигра очајно, но и немаше среќа во нападот, па и покрај постигнатите само 4 гола во првото полувреме, на трибините “Комити” го бодреа до последната минута.

Спортската сала “Јане Сандански” грмеше со поддршка за вардарци и уште еднаш се покажа дека “Вардар се љуби и кога победува и кога губи”.

Со овој пораз Вардар сега се наоѓа на третото место во групата Б, а наредниот натпревар за црвено-црните е против Веспрем на гости на 19-ти овој месец.

Во продолжение погледнете ја пеколната атмосфера во “Јане Сандански”:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.