Бугарскиот претседател: Бугарија да го брани македонското небо

„Бугарија не треба да ја пропушти историската можност да го штити воздушниот простор на Република Северна Македонија“, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Според зборовите на Радев додека разговорите во оваа насока биле одложувани од бугарската страна во очекување на за „светла иднина“ кога земјата ќе има ескадрила на нови авиони, Грција склучи договор за оваа мисија, пренесе БГНЕС.
„Со нашите сегашни можности, можеме да ја завршиме оваа задача без дополнителни трошоци“, Радев и додаде дека „тоа не е само наш национален интерес, туку и долг кон братската Република с. Македонија и израз на одговорност“ – нагласи Радев.

Радев денеска во придржужба на министрите за надворешни работи и за одрана, Захариева и Каракачанов, отпатува за Лондон каде учествува на Самитот на земјите членки на НАТО.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.