Брука: Тамара ја отпеа химната во Амбасадата на САД без Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански

На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна. И го стори тоа, во своја верзија, од која го исфрли стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, кој во последната официјална верзија на химната од 1991 годона се повторува четири пати, пишува порталот Република.

Изведбата на химната е на 2.30 минути.

За оваа чудна потреба на Тамара да ја ckвepнави химната, и покрај тоа што не функционираше Фејсбук и веста релативно доцна се прошири, одекнаа силни рекации на социјалните мрежи, но изостанаа реакции од државниот врв кој присуствуваше на настанот, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, кои се гледаат во првите минути од видеото.

Извор: republika.mk


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.