Бројката на лица во самоизолација во Прилеп порасна, докторката од инфективно негативна на коронавирус

Во самоизолација се наоѓаат 179 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.

Докторката од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а доколку има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата.

Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.

Од причина што бројот на инфицирани со коронавирус во општина Прилеп за два дена се покачи за 50%, односно од 22 на 33, градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за Прилеп да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.