Брена и Саша за милионска сума ја продадоа “Гранд продукција”: Eве колку заработија

Фолк ѕвездата Лепа Брена и музичарот и продуцент Саша Поповиќ стануваат побогати за 15 милиони евра. Како што пренесуваат српските медиуми, тие ги продале своите 49 проценти од ,,Гранд продукција” на компанијата ,,Јунајтед медиа” која пред пет години купи пакет од 51 процент од нивните акции.

Купопродажната трансакција ќе биде завршена до крајот на оваа година, по што Лепа Брена и Саша Поповиќ ќе влезат во новата 2020 година со 15 милиони евра.

Делот на Поповиќ во ,,Гранд” изнесувал 24 %, па ќе му припаднеле 7.350.000 евра, додека пак Брена била сопственик на 25 проценти од ,,Гранд”, и ќе добиела 7.650.000 евра од продажбата – пренесува Курир.рс.

За продажбата на 51 % од акциите на продукцијата која што се случила во 2014 година, тие исто така добиле 15 милиони евра. Во иднина, Поповиќ ќе продолжел со веќе постоечките емисии, каде се јавува како автор и продуцент и ќе работел за плата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.