Браво момци! Македонските лавови ја прегазија Јапонија

Македонија успешно ја помина првата пречка на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Германија и Данска.

На првиот натпревар од групата Б, Maкедонија ја совлада Јапонија со резултат 38:29 (18:13) на полувремето.

Брзите Јапонци и создаваа големи проблеми на нашата одбрана, па токму затоа е и високиот број примени погодоци.

Сепак, Македонија забележа висока победа од 9 гола разлика.

Најуспешни во нашиот тим беа капитенот Кире Лазаров со 8 постигнати гола, потоа Манасков и Стоилов со по 7, Кузманоски со 4, а Талески, Поповски и Пешевски постигнаа по 3 погодоци.

Во недела со почеток од 14:00 часот, Македонија ќе се соочи со Бахреин, а потоа следуваат вистинските тестови со Хрватска, Шпанија и Исланд.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.