Браво “Гемиџии”, браво “Комити”: 3.500 навивачи на едно место порачаа “Македонците нема никогаш да се предадат” (ФОТО)

После цели 18 години ФК Борец од Велес се врати во најелитното фудбалско друштво во државата, а тоа е причината што денеска на вториот дуел од новата сезона, стадионот “Зоран Паунов-Паун” е исполнет до последно место.

Борец во моментов игра против Вардар, а резултатот на полувреме е 0:0.

Секоја чест за велешани, уште во првиот дуел на домашен терен покажаа и докажаа дека заслужуваат да играат прволигашки фудбал.

На трибините навивачките групи “Комити” и “Гемиџии” имаат свое шоу, а истакнаа и знамиња со сонцето од Кутлеш како и порака која гласи:

“Македонците никогаш нема да се предадат”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.