Борко Ристовски им возврати на критичарите: “Глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси!”

Еден од оние што трпи критики за поразот на Македонија од Чешка е голманот Борко Ристовски. Но, голманот кој е познат по својот „јазик без влакна“ секогаш прифаќа критики, но истовремено и одговара на сите оние што се правата поголеми репрезентативци од оние што играат.

„Велат дека глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси. Така и сега. Ова се нивните 5 минути. Нека ги искористат добро затоа што многу брзо ќе завршат. Ние (репрезентацијата) имаме незавршена работа во Виена. Не чека натпревар кој е премногу важем за да ги разочараме вистинските македонски навивачи и оние поддржувачи кои одвоиле од својата уста за да дојдат тука и да не бодрат, и сите оние што испратија неколку илјади пораки изминатата ноќ. Ете затоа се игра за Македонија. Заради својата гордост, својата чест. Честа на своето семејство и народ. А сите оние на кои им смета македонското знаме, македонската химна, македонскиот народ се во огромно малцинство, за наша среќа”, вели Борко Ристовски за порталот 24 ракомет

Целата изјава на голманот на македонската репрезентација погледнете ја ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.