Боки 13 на излегување од cуд додека Русковска даваше изјава: “Зборувате лаги” (ВИДЕО)

По неколку часа распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на Бојан Јовановски – Боки 13. Тој вечерва со полициска придружба излезе од судот и е однесен во „Шутка“.

Во моментот кога тој излегуваше од судот изјава за медиумите даваше обвинителката Вилма Рускоска. Погледнувајќи кон неа на излегување од судот Јовановски прокоментира:

„Зборувате лаги“.

На прашање од новинарите до обвинителката дали тоа се однесувало на неа, таа одговори:

„Па не знам во моментот и вашата колешка зборуваше, можеби се однесувало на неа“.

ВИДЕО: “Инфомакс”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.