Битола доби нешто што нема во цела Македонија: Отварањето беше вистински спектакл (Фото галерија)

Со спектакуларно кабаре шоу во кое учествуваа над 30 уметници, пејачи и актери, во Битола започна со работа комплексот „Голд Фелициа“.

Гостите уживаа во уникатната кабаре претстава, која понуди разни уметнички точки и песни за сите генерации.

Комплексот доби гламурозно отворање какво што му доликува, а многубројните гости имаа прилика да се уверат во се она што истиот веќе може да им понуди, велат од „Голд Фелициа“.

Покрај танчерите на сцената церемонијален мајстор беше Жарко Димоски, а го придружуваа пејачите Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева, Калина Велковска и Христина Јовановска.

За кореографијата на танчерите се погрижи Илија Кардакоски а за изгледот на сите учесници модниот дизајнер Андреј Папаз.

– Кабаре шоуто го најави и отвори просторот кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања на кои им нема крај, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува, рече Димитар Андоновски, музички директор на целиот проект.

Казиното е опремено со најсовремени слот машини, рулет и останати игри на среќа, „Голд Фелициа“ а во склоп на комплексот работи и ресторан со специјалитети приготвени од врвните готвачи.

Повеќе погледнете ТУКА






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.