Бил Гejтc може да тpoши по 1 милион долapи дневно во нapeдните 300 години и пак да му ocтанат пapи

Дали некогаш сте се запрашале како би било да имате толку многу пари што би можеле да потрошите илјадници – или дури и повеќе од милион долари – толку лесно како што просечниот Американец троши еден долар за слатки?

Таков е случајот со Бил Гејтс, Илон Маск, Џеф Безос и многу други милијардери.

Имено, со нето вредност од 131 милијарди долари, трошок на Гејтс од 1,08 милиони долари е споредлив со трошок само 1 долар на просечен американски државјанин.

Всушност, Гејтс би можел да троши милион долари дневно во следните 300 години и сепак да има пари. Се разбира, тој не е сам во тоа. Основачот на Мајкрософт е четвртата најбогата личност во САД, зад основачот на Амазон, Џеф Безос, основачот на Тесла и Спејс Екс, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, според листата на милијардери на Форбс. Федералните резерви посочуваат дека просечно американско домаќинство има нето вредност од 121.700 долари.

Поделете ја нето вредноста на Безос од 211,4 милијарди долари (врз основа на податоците на Форбс) со тој број – и лесно може да заклучите дека Безос може да потроши 1,7 милиони долари исто толку лесно како просечниот Американец кога троши 1 долар.

Додека 1 долар на просечен граѓанин е еквивалент на 1,3 милиони долари од богатството на Илон Маск.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.