Била пpиcилена да ја даде својата ќерка на пocвojyвање кога ја poдила: 50 години подоцна одново се пpoнajдоа

Паулина Падер (65), забременила кога имала само 14 години. Таа се плашела да им го признае тоа на своите родители, па им се доверила на своите пријатели за голема тајна, но многу бргу веста дошла до нејзиниот татко, кој и се заканил дека ако роди дете, нема да може да го донесе дома.

Тој и забранил да излегува, па таа ја прекинала врската со таткото на детето и одлучила дека детето ќе биде дадено на посвојување. Нејзината постара сестра Керол рекла дека ќе ги прими неа и детето, но таткото не сакал ни да слушне за тоа.

Паулина родила здраво девојче на кое му го дала името Луиз.

„Веднаш се поврзав со неа, но кога родителите ми дојдоа во болница, татко ми не сакаше ниту да ја погледне“, вели таа.

Додава дека девојчето веднаш по раѓањето било дадено на посвојување.

„Кога ќе пораснеш, можеби ќе се сретнеме. Ти ќе ме паметиш мене, а јас тебе“ и рекла тогаш на малата Луиз, од која единствено сеќавање и била фотографија од бременоста.

Таа неодамна одлучила да ја побара својата посвоена ќерка преку емисија која се занимава со обединување на членовите на семејството кои изгубиле контакт. Не било потребно многу истражување за водителката Давина Мекол да открие дека нејзината ќерка ја следи на Фејсбук со години, но не се вика Луис, туку Керол Вајтхед.

Керол изјавила дека по смртта на нејзината посвоителка, решила да ги побара биолошката мајка и семејството. Со помош на пријател ја пронашла на Фејсбук, но од страв дека таа може да одбие контакт, решила само да ги следи нејзините статуси и фотографиите што ги објавува.

По учеството во шоуто, мајката и ќерката конечно се обединија.

“Ние се поврзавме веднаш штом се запознавме и оттогаш се слушаме. Едноставно нема непријатна тишина, како да сме живееле секогаш заедно. Сега мојот живот е целосен”, заклучи мајката за Мирор.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.