Берлускони го сака трофејот од купот и пласман во ЛШ

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони задоволен по пласманот во финалето на Копа Италија изјави дека неговиот тим има сили да го освои трофејот по пауза од 13 години.

 

berluskoni-milan-640x425

– Верувам дека можеме да стигнеме до трофејот кој го немаме освоено цели 13 години. Играчите направија добра работа со пласманот во финалето и сега треба да го направат уште последниот чекор. Но, да не заборавиме. Милан сезонава ја почна со амбиции за пласман во елитното натпреварување. За да учествуваме во Лигата на шампионите треба да сме најмалку трети. Ќе се обидеме да ја оствариме и таа цел, изјави првиот човек на „росонерите“.

Милан се наоѓа во добра резултатска серија во првенството и веќе фати приклучок со екипите кои се при врвот. На 11 рунди до крајот се наоѓа на 6.место со 47 бодови, односно шест помалку од трето и четврто пласираните Рома и Фиорентина, и само бод помалку од градскиот ривал Интер кој е петти.

Во купот, Милан го очекува финалето против Јувентус закажано за 21 мај во Рим.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.