Балканец си е Балканец: Србин смислил оригинален начин да и се одмазди на банката во Швајцарија (ФОТО)

Должник во швајцарска банка од Србија одлулил на банката да ѝ се одмазди на свој начин.

Тој на Фејсбук објавил дека се откажал од електронската уплата, па секој месец рата за кредит ќе плаќа во кеш со метални пари.

„Секој месец ќе добивате рата во готово на шалтер, но во метални апоени…и тоа половина час пред крајот на работното време…па броите. Кој последен се смее, најслатко се смее“, најавил тој.

Подготвил пластично шише од 10 литри во кое ги собира парите за кредитната рата.

Додал дека има и одговор за службениците на шалтер.

„Ако прашаат колку пари има во шишето, со намера да земат без броење…мојот одговор ќе биде „не знам, вие избројте колку е ратата“, напишал тој.

Веќе подготвил илјада швајцарски франки, а според тоа што го напишал на социјалните мрежи до крајот на месецот ќе успее да го собере целиот износ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.