Јавноста во текот на вчерашниот ден ја анимираа нови „бомби“ кои се поврзани со еден од главните протагонисти во аферата бизнисменот Јордан Камчев. Популарноста и атрактивноста на оваа афера кај македонскиот народ им пречи на многумина, пред се поради тоа што голем број македонски ориентирани „опинион мејкери“ сметаат дека името и карактерот на државата се поважни од вистината за овој случај, но сепак оваа афера најдобро ја прикажа реалната слика за бизнис-политичките интереси и сервилноста на правосудниот систем, пишува порталот Инфомакс.
Да оваа афера е многу повеќе од милионче ваму, милионче таму за мирна глава, оваа афера ја разобличи политичката мафија која како заложник ја држи Република Македонија веќе три децении.
Но она што создаде невиден хаос и паника на „Бихаќка“ и кај владеачката СДСМ е мистириозниот коментар на Јутуб. Коментарот вирално се шири по социјалните мрежи пред се на Твитер, а споделен е пред околу 22 часа.
Ценети сограѓани, би сакале да ве известиме дека во периодот непосредно пред следните избори на 12 април 2020 година ќе ја објавиме последната снимка со кој се докажува дека премиерот на вашата земја е директно вклучен во рекетарирањето и други организирани криминали активности, материјал сакаме да го објавиме поради скептицизам дека може да ја наруши нашата заедничка цел: Уривање на корумпираната влада во вашата земја предводена од СДСМ на Заев, ако ја емитуваме прерано. Објавување на снимениот доказ во периодот пред изборите би влијаело на кандидирањето за Зоран Заев за премиер и нема да дозволи опција за одолговлекување на зборите. Одлучивме да објавувиме овде и да ве информираме рано, бидејќи внимателно ги следивме околностите во вашата земја и дојдовме до заклучок дека објавувањето тука меѓу вас како најповолна публика за оваа работа и ширење на зборот е најдобриот почеток за да се посочи за што следува . Би сакале да ве советуваме да избегнете неподготвеност, но наместо апстиненција да се прибегнете кон масовно гласање против СДСМ, осигурувајќи се дека во комбинација со нашиот снимен доказ кој ќе го објавиме плус вашето гласање против Заев и СДСМ, ќе успееме да го постигнеме нашиот и вашиот заеднички интерес: искоренување и подоцна маргинализирање на СДСМ и со тоа доведување на волјата на луѓето од вашата земја на прво место. Раширете го зборот и останете увери. Ние ќе го објавиме снимениот доказ на кој се наоѓа Заев во периодот непосредно пред денот на изборите.
Анонимниот извор на Јутуб посочува дека поседува докази за инволвираноста на Зоран Заев во „Рекет“, а како дел од доказите посочува и видео материјал кој го потврдува тоа. Изворот посочува дека видеото не е објавено досега за да нема никакво ретерирање од веќе договорените избори на 12 април кое сигурно би се случило доколку би бил објавен ваков доказ за инволвирањето на Заев во рекетот. Доказот според „Qanon“ ќе биде објавен непосредно пред изборите.
„Qanon“ е екстремно десничарска група која важеше за блиска до структурите кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп. Тие презентираат теорија на загворор од страна на „длабока држава“ против американскиот претседател Доналд Трамп и неговите приврзаници. Теоријата започна со објавување во октомври 2017 година на анонимната чат 4chan од страна на лице кое го користеше името Q, Американецот која подоцна веројатно прерасна во група на луѓе тврдејќи дека има пристап до класифицирани информации во кои се вклучени членови администрацијата на Трамп и нејзините противници во Соединетите држави. „Q“ обвини бројни либерални холивудски актери, демократски политичари и високи функционери за учество во трговија со деца, и тврди дека Доналд Трамп комуницирал со Русите со цел да го повика Роберт Мулер да му се придружи во изложување на ланецот за трговија со деца и спречување на државен удар од страна на Барак Обама, Хилари Клинтон и Џорџ Сорос. „Q“ е повикување на дозволата за увид во државната тајна Q.
Извор: infomax.mk