Алфа: Диpeкторот на ЈП за ПУП од Прилеп, со вyлгapни навpeди, зakaни и пцoвки до новинарите, ја „брани честа“ на Градскиот сообраќај?!

По вчерашниот прилог за (не)функционалноста на четирите, нови градски еко-автобуси на метан, кои општина Прилеп ја чинат импозантни еден милон евра и кои беа набавени само пред една година, директорот на ЈП за Просторно и урбанистичко планирање, Илија Иваноски, си „достои“ на зборот дека својот став околу ова ќе го изнесе по завршувањето на состанокот во Скопје на кој присуствувал кога вчера ние го побаравме, и синоќа се јави, вели во прилогот за “АЛФА” TВ дописничката од Прилеп, Каролина Дурло.

Но, не за да демантира, или пак да упати покана за прес-конференција на која би ги изнел своите контра-аргументи, туку за на највулгарен и на најпримитивен начин, со крајно недоличен вокабулар, во телефонски разговор од само 33 секунди, до вашиот известувач да упати сексистички навреди, закани со кривични пријави и „сочни“ пцовки кои не му доликуваат никому, а најмалку на еден функционер.

Меѓу другото, тој се понуди да не’ повозел со „новите, расипани автобуси за кои сме ширеле лаги“, за да видиме какви биле, а разговорот го заврши со крајно вулгарна пцовка, нарекувајќи го вашиот известувач „скапано ѓубре“.

И се’ заврши на пцовката, по што разговорот, ако ова воопшто може да се нарече разговор, беше прекинат, без да ни се даде шанса да му ги поставиме прашањата кои се уште се без одговор: дали три од четирите нови автобуси навистина не се во возна состојба или пак, само така си стојат паркирани на прилепскиот Терминал, додека прилепчани своите потреби мораат да ги задоволуваат со двата автобуси (едниот стар и небезбеден, а другиот нов) и кои им се ставени на располагање само по неколу часови дневно?!

И покрај невидениот гнев и крајната недоличност на директорот, сепак во име на професионализмот и објективноста, Алфа и понатаму му стои на располагање за да си ја каже својата вистината.

ИЗВОР: “AЛФА ТВ”

Прилогот на телевизијата од вчера погледнете го ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.