Активни огласи за вработување во неколку институции во Прилеп: Аплицирајте за државно!

Нови огласи за вработување во Казнено поправната установа Затвор-Прилеп.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување, објавени се огласи за вработување на четири соработници (23,607 денари основна плата), двајца надзорници за плата од 16,463 денари, еден надзорник за плата од 14,875 денари и еден надзорник за плата од 15,669 денари.

Објавен е оглас и за вработување на конзерватор во Национална установа-ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ Прилеп, а основната плата за ова работно место изнесува 22,700 денари.

Исто така оглас за вработување има и во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, каде се бара административен службеник. Основната плата таму изнесува 14,876 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.