Казната за паркирање на зелена површина, зеленило или парк во Македонија изнесува 150 евра во денарска противвредност, и токму таква казна ќе ви изречат полициски службеници доколку сте паркирани вака како на фотографиите.
На ова се повеќе се жалат прилепчани, иако возилата им биле непрописно паркирани на тротоарски површини, но наместо да добијат казна од 50 евра, им биле пишани казни од по 150 евра, иако немало ни “З” од зелена површина.
Прашањето е следно… Дали ако сте див продавач на земјоделски производи, кои патем ги има насекаде низ Прилеп, ќе куртулите од ваква казна?
Се чини дека е така….



























