Адреналинско шоу во Прилеп: Од денеска започна со работа новата професионална пеинтбол арена “Спецназ” (ФОТО/ВИДЕО)

Прилеп од денеска доби професионална стаза за пеинтбол, што ќе претставува вистинска новина и забава за сите оние кои обожаваат адреналин, возбуда и акција.

Од денеска Прилеп го доби “Спецназ”, пеинтбол арена која е направена според сите светски стандарди за оваа адреналинска спортска игра.

Местото за забава, рекреација и врвно уживање се наоѓа на неколку минути со автомобил од центарот на градот, по улицата “Joска Јорданоски”, веднаш позади оранжериите.

“Спецназ” располага со нова опрема за играње пеинтбол, возбудливи препреки, место за освежување …. со еден збор со се’ oна што ви е потребно за да се оддалечите од секојдневните обврски и да поминете продуктивно време со вашите пријатели.

Инаку, пеинтболот во изминативе 20-тина години станува еден од напопуларните и најинтересните спортови што се игра во природна средина. Според некои проценки во светот над 15 милиони луѓе активно играат пеинтбол, а играта за прв пат се појавила во САД во 1981 година.

Од тука се проширува низ целиот свет и носи милиони насмевки на кај младите, но и возрасните. Учесниците се натпреватуваат во тимови, а целта е да се елиминираат противничките играчи со погодување и обележување со топки во боја. Победник е играчот или тимот кој последен ќе остане во играта. Може да се игра на отворено или во затворен објект. Опремата се состои од комбинезон, заштитен елек, кацига за пеинтбол, ракавици, како и пеинтбол-пушка.

За една извонредна игра потребни се добар тим и добар противнички тим, каде што играчите максимално би биле внесени во играта.

“Спцназ” арената за пеинтбол во Прилеп ќе биде местото каде ќе владее вистински вриеж, ќе се чека за слободен термин, а има и зошто. Затоа побрзајте и навреме резервирајте си термина на: 077/525-013, а забавните случувања можете да ги следите и на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ

И уште еднаш на самиот крај! Адреналин до максимум, многу забава, валкање со многу боја, губење многу калории и понекоја модринка се карактеристиките на оваа спортска и забавна активност, која најдобро ќе можете да ја доживеете во “Спецназ” арената во Прилеп.

Ајде да играме!


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.