Мили Мелтби поминала часови осмислувајќи ја својата совршена свадбена торта. Меѓутоа, не ни сонувала дека ќе се случи вистинска катастрофа.
На денот на венчавката, кога тортата била носена до хотелот, поради гужва во сообраќајот и топлиот ден тортата се распаднала.
За среќа, истиот ден во хотелот пристигнала Клери Ваз, сопственичка на слаткарница која одлучила да помогне.
Таа веднаш повикала такси да ја одвезе до својата слаткарница, каде со своите вработени успеала да ја поправи тортата.
-Со оглед на тоа дека имаше малку време, не успеав да го средам средниот слој. Ми успеа само да се совпаднат боите – рекла Клери.