Жена во Висконсин на бензинска станица точела гориво кога крадец влетал во нејзиниот автомобил. Таа реагирала веднаш и скокнала на хаубата за да ја спречи кражбата, а сето тоа е снимено на сигурносна камера.
28-годишната Мелиса Смит од Милвоки рекла дека на станицата имало уште четири автомобили кога се случил инцидентот.
-Помислив „Ова не се случува“ и скокнав на автомобилот“, изјави Смит.
Почнала да вика кон крадецот, а тој го запалил автомобилот и пробал да ја исфрли од хаубата. Сепак, на крајот го сопрел возилото и побегнал со нејзината торба.
За цело тоа време, автомобил го чекал веднаш до бензинската станица, во кое влегол и побегнал од местото.