АМЕРИКА ГИ ОТВОРИ КАРТИТЕ: Не си заминуваме од Сирија додека не го исполниме ова !

0

Американската амбасадорка во Обединетите Нации, Ники Хејли денес изјави дека САД нема да се повлечат од Сирија додека не ги остварат своите цели.

Хејли наведека САД има три цели. Првата цел е да се создаде сигурност дека нема да се употребува хемиско оружје, втората цел е да се порази Исламска држава и третата цел е да се создаде добра позиција за следење на она што го прави Иран.

– Нашата цел е да ги вратиме американските трупи дома, но нема да заминеме додека не бидиме сигурни дека сме ги постигнале овие цели, изјави Хејли.

Според нејзините зборови, САД нема да разговараат “еден на еден” со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Таа во интервју за телевизијата Си-Би-Ес рече дека Сирија до сега одбивала да учествува во мултилатералните преговори како дел од политичкиот процес во кој посредуваат ООН, и додаде дека Русија би требала да ја испорача преговарачката маса за Сирија.