дома блог страница 3204

Поради невреме авионот на Заев не можеше да слета во Скопје

Повеќе од половина час, авионот со кој леташе премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета поради снежното невреме во Скопје.

Пилотот неуспешно неколку пати се обидел да го приземји авионот, по кружењето над Скопје, по што леталото е пренасочено кон аеродромот на бугарската престолнина Софија.

Заев требаше вечерва да биде во партсикото седиште на СДСМ, каде пред Централниот одбор на кој ќе се одлучува за двојни избори, се одржуваат координација и извршен одбор.

(Фото) Камион превртен на Плетвар: Колона долга 5км?

Македонија одново завеана во снег. Патиштата завеани, а состојбата е особено драматична на планинските превои.

На планинскиот превој Плетвар вечерва се превртел камион, кај Фаришка клисура, информираат граѓани на социјалните мрежи.

Поради соовраќајната несреќа на Плетвар има колона долга 5км.

Исто така, затворен за сообраќај е и патниот правец Велес-Скопје на делот од наплатна рампа Отовица кон Скопје, поради расчистување на снег од коловозот, информира АМСМ.

Социјалните мрежи вријат со фотографии и видеа од катастрофалните патишта кој буквално се затрупани под снег:

(Видео) Ова може да се види само во една земја во светот: Од приколката излезе “чудовиште” – возачите во шок

На обиколница во Сиднеј возач сними како од огромна ајкула излегува од приколката на возилото пред него.

Видеото со “чудовиштето” долго 2.5 метри и тешко 165 килограми, стана вирално. Реакциите се поделени – некои го пофалија риболовецот, а други ја жалат ајкулата…

Жена од Канада подарува куќа: Ова е условот кој треба да се исполни!

Ања Вагнер од Канада, која откако се здоби со повреда на грбот, поради потешкотиите во движењето, веќе не е во можност да ја одржува својата луксузна куќа и имотот, па реши да ги продаде по цена од 1,7 милиони долари.

За имотот и куќата немало заинтересирани што ќе искешираат толку пари, па таа ја намалила цената. И тогаш немало кој да ја купи, па се сетила што да направи. Одлучила да организира наградна игра и да му ја подари куќата на оној кој ќе испрати највпечатливо писмо.

Оној кој сака да учествува во натпреварот треба да плати 25 долари, а таа се надева дека ќе има доволен број учесници во наградната игра, за да заработи онолку пари по колку сакала да ја продаде куќата.

Победникот во наградната игра Write A Letter, Win A House ќе биде избран само ако биде постигната сумата од 1,7 милиони долари.

Писмото треба да има најмногу 350 знаци, а може да се испрати на меил или по пошта. Натпреварот трае до 5 април, а 500 писма ќе влезат во финалето. Учесниците мора да бидат постари од 18 години, а од едно домаќинство може да се натпреварува само едно лице. Не смеат да се пријават членовите на нејзиното семејство и пријателите.

Заев: Ви ја честитам историската победа – нека е вечен Договорот од Преспа

Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа.

Ова го напиша Заев на Фејсбук откако Грција даде зелено светло за Договорот од Преспа.

(Видео) Грчкиот парламент го ратификуваше “Преспанскиот договор”: Со 153 гласови за и 146 против се рафикуваше промената на македонското име

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа со кој се менува името на Република Македонија во Република Северна Македонија. Со ратификацијата Македонија и официјално го промени своето име, односно се активираше членот со кој стапуваат во сила уставните измени изгласани на 11 декември во македонското Собрание. Договорот помина со 153 гласови за и 146 гласови против неговата ратификација.

Тензии во Комисијата за култура: ДУИ бара албански преродбеник да се слави како државен празник во Македонија – седницата прекината!

Седницата на собраниската Комисија за култура беше прекината затоа што нејзините членови не се согласија дали треба на самата седница да се прифатат дополнителни предлози кои петчлената работна група не ги ставила во Предлог-програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2019 година, особено предлози кои не ги исполнуваат ниту нејзините критериуми.

Полемика предизвика инсистирањето на пратеничката од ДУИ Мирсада Емини Асани во Програмата да влезе и стогодишнината од смртта на Исмаил Ќемали, политичар и преродбеник од Албанија кој, рече таа, прв го развеал знамето на Албанија во Валона и е значаен за Албанците на Балканот.

Претседателката на собраниската Комисија за култура Ирена Стефоска рече дека предлогот не го исполнува критериумот значајна личност за историјата на Република Македонија затоа што неговата активност не се поврзува со нашата земја.

-Нема никаков проблем за угледот, личноста и делото за националната историја на Албанците на Балканот. Можеби стоте години ќе ги одбележат некои општини или училишта, но овде разговараме за Собранието на Република Македонија како дом на сите граѓани и се обидуваме да ги најдеме и да се потсетиме на личностите и настаните врзани со историјата на Македонија. Не се спорни неговиот лик и дело, но согласно постојните критериумите ние не можеме да го прифатиме, рече Стефоска.

Предлогот не беше прифатлив ниту за пратениците Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ и за независниот Ферид Мухиќ. Лашкоска рече дека мора да се почитуваат законите и одлуките на Собранието на РМ кои, рече, сведоци сме дека сè повеќе се кршат. Посочи и дека донесувањето на Програмата доцни и треба итно да се изгласа.

Откако пратеничката од Незвисните Никица Корубин предложи утврдените критериуми за значајност и за временски интервал за годишнини да се либерализираат зашто се застарени и ригидни, а Емини Асани побара тоа да се направи веднаш и да ја одложат седницата, пратеникот Мухиќ рече дека за промена на критериумите може да се пристапи за следната година, а дека денеска треба да се разгледува веќе подготвената Предлог-програма. Посочи дека и другите етнички заедници имаат свои значајни линости кои не се родени во Македонија и дека ако се прифаќаат, тогаш во иднина ќе треба да се менува и самиот назив на програмата.

-Мислам дека треба да ја завршиме со дадените предлози. Овој апсолутно не се вклопува во критериумите и во насловот на програмата. Ако одиме кон либерализирање и менување, тогаш нека биде за понатаму, можеби за следната година, откако за тоа ќе отвориме суштинска расправа, рече Мухиќ.

Сепак, седницата беше прекината кога и други членови се јавија со предлози за годишнини што не стигнале до работната група. Иако рокот за доставување предлози е поминат и програмата веќе требаше да биде донесена на крајот на 2018-та, членовите на Комисијата за култура решија да ја одложат седницата за да се договорат како да постапат со новите предлози.

Предлог-програмата содржи 51 предлог. Беше дополнета со уште еден прифатен на денешната седница, поради превид испуштен од работната група иако ги исполнувал критериумите: 175 години од антиосманлиското востание на Дервиш Цара. На повикот за предлози одговориле 39 од 126 институции, кои до комисијата испратиле вкупно 179 предлози.

Стефоска соопшти дека доцнат со донесувањето на програмата затоа што во последните три месеци пратениците биле зафатени со седниците за уставните измени.

Извор: infomax.mk

Врие кај јужниот сосед: ” Вратете ја Македонија!”

И покрај тоа што постои можност Преспанскиот договор да биде изгласан во собранието, атмосферата внатре и надвор од собранието во Атина e напната. Многу демонстранти излегоа против договорот и бараат референдум.

Полицијата фрлаше солзавец за да ја растера толпата демонстранти.

Демонстрантите грчки знамиња и извикуваа “Вратете ја Македонија”. Некои демонстранти фрлаа камења и молотови коктели. Според договорот потпишан меѓу двете земји, Република Македонија ќе се преименува во Северна Македонија, со што го затвора спорот со Грција.

Полицијата формираше безбедносен кордон од 1.500 луѓе во централниот дел на Атина, додека демонстрантите ги нарекуваа пратениците предавници. Се известува дека полицијата уапсила десет лица, а уште 133 се осомничени за насилство. Демонстрантите предупредија дека ќе останат на улиците до крајот на денот, пишува „Гардијан”, а објави „ Газета експрес” .

На закажаната прва прозивка се појавиле само тренерите – играчите нема да тренираат додека не им се плати?!

Понеделникот беше одреден за прозивка, прв собир на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп, но обидот не успеал. Во салата “Ричко” се појавиле само тренерите Пеце Велјаноски и Тони Димоски, а од ракометарите немало никој – пишува весникот “Зенит” во неговото најново издание.

Несекојдневна појава. Првотимците имале барања од клубот за исплата на некои обврски. Ќе почнеле со тренинзи потоа. Не може да се претпостави што ќе се случува. Овој клуб и спорт многу значеле и уште значат за градот, па затоа стои надежта дека работите ќе се средат.

Штета е, додека ракометот се смета за спорт број 1 во државата, овде да не се надоврзе традицијата. А и во актуелното првенство постојат шанси за опстанок. Лигата продолжува на 2 март дома со Еурофарм – додаваат од “Зенит”.

Се чини на овие простори снегот е чудо во зима насекаде: Градоначалникот на Белград не очекувал толку снег, метеоролозите го прелажале

Не се само властите во Македонија изненадени кога се во прашање врнежите од снег. Се чини изненаденоста на овие простори е како болест која се шири насекаде. Еве и градоначалникот на Белград во Србија се изненадил што во зима заврнало снег.

За неисчистените улици, градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ, за ТВ “Прва” изјавил дека прогнозата на метеоролозите била нешто поразлична, односно дека се очекувало помалку снег.

“Според сегашната прогноза снег ќе паѓа и денеска, и утре, како и во сабота и недела. Градските служби се константно во четврт степен на подготвеност. Сите служби работата прекувремено и даваат се’ од себе да се ублажи проблемот”, рекол градоначалникот.

“Сите светски градови, кога има олку големи врнежи, функционираат успорено”, додава тој и апелира граѓаните да користат други начини на транспорт, ако можат, за да се растерети сообраќајот.

“Неопходно е да направиме нешто за да функционираме што подобро”, вели за српските медиуми Радојчиќ.