дома блог страница 3205

Воведена забрана за камиони и на превоите Плетвар и Барбарос

Поради обилни врнежи од снег од 11:00 часот воведена е забрана за движење на камиони на планинскиот превој Барбарос на патот Македонски Брод – Прилеп.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија забрана за камиони од 11:10 часот е воведена и на планинскиот превој Плетвар на патот Прилеп-Кавадарци.

Од 08:15 часот изутринава беше воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, што е укината во 11:00 часот.

Од 07:35 часот изутрината е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Во сила се забрнате за камиони воведени ноќеска поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.

Мал или голем бран не е важно, секако ќе не блокира: Планинскиот превој Ѓавато утрово (Фото галерија)

Од 08:15 часот изутринава е воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Поради снежните врнежи претходно беа воведени забрани за движење на камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка, а за камиони на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.

Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска, како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

Еве како се одвиваше сообраќајот утрово на планинскиот превој Ѓавато:

Денот кога се родил нашиот непреболен Тоше: Човекот со кој вечно ќе се гордееме, ѕвездата која остана заштитен знак за Македонија

Беше многу повеќе од човек и пејач, а да беше жив денес ќе наполнеше 38 години.

Тоше Проески е нашиот непребол. Македонија, Балканот и светот го помнат како голема музичка ѕвезда, човек со огромно срце за помош на секого. Ѕвездата, за жал, ни згасна. Неговото име стана заштитен знак за Македонија, симбол на тоа што вреди, тоа на кое се гордееме.

Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Имаше соработки со големи имиња како Џеф Бек, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.

]]Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ. ПОЧИВАЈ ВО МИР.

Денеска снег, а викендов повторно ниски температури

Нов студен и влажен бран денеска во Македонија. Се очекуваат пообилни врнежи од снег, особено во јужните делови. Заради заладувањето врнежи од снег ќе има и во некои пониски места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.

Во Прилеп времето претпладне ќе биде со врнежи од снег, кои во попладневните часови ќе престанат.

Температурата на воздухот ќе се движи од -2 до 2 степени целзиусови.

Во сабота и недела се очекуваат нови ниски температури кои ќе се движат од -6 до 1 степен во сабота и од -6 до 2 степени во недела.

Oва се фудбалските клубови што остварија најголем приход минатата сезона

Реал Мадрид и Барселона се клубовите со најмногу приходи во европскиот фудбал за изминатиот шампионат, откако се најдоа пред Манчестер Јунајтед, вели студијата на „Делоит“.

Рангирањето е направенo меѓу 20-те најбогати клубови на Стариот континент за сезоната 2017-2018.

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид се врати на првото место по регистрирани приходи од 750.9 милиони евра. „Белите“ забележуваат зголемувањето од 75 милиони евра во однос на претходната кампања.

Ова се должи на поскапите спонзорски договори, како и на повеќе приходи од продажба на клупски предмети.

На втората позиција е Барса со 690.4 милиони евра, а досегашниот лидер Манчестер Јунајтед паѓа на третото место со 666 милиони евра.

Баерн Минхен е на четвртото место со 629.2 милиони евра, а потоа следат Манчестер Сити (568.4 милиони евра), Пари Сен Жермен (541.7 милиони евра) и Ливерпул (513.2 милиони евра).

Во првите десет на листата на „Делоит“, се лондонските тимови Челзи, Арсенал и Тотенхем, а нема ниту еден клуб од Италија.

Соседот со камен и го блокирал автомобилот, но таа му вратила на начин на кој на никој маж не би му текнало (Видео)

Американка му покажала на својот сосед дека може да се справи и со него и со начинот на кој сакал да ја изнервира.

Со голем камен соседот на Американката Мелиса Скрагс од Калифорнија и го блокирал автомобилот. Но, соседот не знаел дека таа е геолог и тоа доктор по геолошки науки и има со што да ги разбие камењата. Така Мелиса во 7.30 часот наутро ја извадила гласната дупчалка и го скршила каменот.

Целиот инцидент таа го снимила и го објавила на Твитер, каде е вистински хит. Меѓу пораките во кои и честитаат на потегот има и такви кои велат дека им го разубавила денот.

Оваа баба секој ден турка количка по три километри: Причината ќе ви го cкpши срцето!

Во обид да се привлече вниманиена реалните проблеми на населението за кои ретко се зборува, Душан Јовановиќ (26) од Белград споделил на својот Фејсбук профил тажна исовед на една баба од Миријев.

Поминувајќи низ Миријев, Душан ја здогледал подгрбавената старица како, тетеравејќи се покрај патот, турка количка полна со разни работи. Го запрел автомобилот и и понудил да и помогне, не знаејќи во што се впушта.

– Минатата сабота во тој момент надвор имаше 28 степени. Едвај ја убедив да и помогнам и тргнавме, не помислувајќи, дека треба да ја туркам количката два или три километри, од кои половина пат до нејзината куќа е угорница. Јас се изморив, а како и беше на неа не сакам ниту да замислам. Разговаравме цело време додека одевме, бабата има мизерна пензија, не сака да проси и исклучително е горда на тоа што поштено заработува и не и е тешко три часа пешачење во еден правец, напиша ова момче.

Во својата објава на Фејсбук Душан објаснил дека гордата старица, иначе родена во Белград, која му се претставила како „баба Драгиња“, секоја сабота и недела станува во четири часот наутро и три часа ја турка количката од својата куќа на Миријев до Карабурма, за да стигне во 7 наутро и да продава цвеќе.

– На крајот на денот таа заработува околу 500 динари, по што повторно се враќа дома на врвот на Миријев. Кога стигнавме до нејзнита куќа, баба Драгиња дури и ми извади куп бакноти по 10 динари да ги земам за сок.

И се заблагодарив и и ги вратив, таа ми посака многу здравје, а јас на неа што помалку вакви тешки денови, ја завршува младиот белграѓанин својата приказна за тажната судбина на една баба.

Извор: “Инфомакс”

(Видео)Го извадија детето од памет: Хит снимка на интернет која за еден ден направи 18 милиони прегледи!

Популарниот словачки јутјубер Давид Добрик го исмеа братот на еден од своите пријатели глумејќи дека детето станало невидливо, а снимката стана апсолутен хит на Твитер.

Вардан прво го покрија со ќебе глумејќи дека изведуваат трик со кој ќе го направат невидлив. Откако го тргнаа ќебето од детето, Давид и сите присутни се правеа дека не можат да го видат, а тоа толку го исплаши детото што се расплака, а во еден момент и се прекрсти.

Снимката за помалку од 24 часа ја погледнаа повеќе од 7,7 милиони луѓе, а како Вардан реагирапе кога му рекоа дека го гледале цело време, погледнете сами на снимката:

Македонското знаме гори пред грчкиот Парламент – грчките полицајци не реагираат (Видео)

Грчкиот весник “Ефимерида”, вечерва објави видео на кое се гледа како лица со качунки на главите го палат македонското државно знаме пред грчкиот парламент во Атина.

Според информацијата, луѓето фрлале запаливи средства кон полицијата, а полицајците не реагирале на палењето на знамето.

Демонстрантите преку нивните паноа бараат оставка од претседателот на Грција, но и референдум за договорот. Во моментот во парламентот се уште се води жестока дебата за Преспанскиот договор.

Ќулавкова: Албанците се должни да го познаваат и да го зборуваат македонскиот јазик

Овогодинешниот добитник на „Антево слово“, академик Катица Ќулавкова, реагира дека се води држава, а не се прави разлика (малцински) јазични права и должности.

Водат држава, а не прават разлика меѓу (малцински) јазични права и должности спрема државниот јазик! Службениот карактер на албанскиот јазик се однесува на правата на 20% македонски Албанци и не ја укинува должноста тие да го познаваат и да го зборуваат државниот јазик на РМ, македонскиот, напиша Ќулавкова.