ВАШАТА КРВ СПАСУВА ЖИВОТ, Крводарителска акција на навивачката група МАЈМУНИ од Прилеп

Навивачката група Мајмуни од Прилеп на ден 26.11.2015г. во просториите на домот за култура Марко Цепенков, одржаа голема хумана акција на дарување крв. Под мотото Вашата крв спасува живот, членовите на прилепската навивачка група собраа голем број нивни поддржувачи и граѓани кои несебично придонесоја да се соберат што поголем број крвни единици. Оваа хумана акција е дел од одбележувањето на 30 годишнината на постоењето на навивачката група Мајмуни. Испраќаме честитки за масовно спроведената акција и се надеваме дека со овој чин ќе го зголемат чувството на хуманост кај сите граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.