Со повисоки акцизи на нафтата камионџиите и таксистите пред банкрот!? Еве колку повеќе ќе плаќаат по резервоар!!!

Поскапувањето на дизелот по својот џеб силно ќе го почувствуваат граѓаните. Владата на СДСМ за да го наполни Буџетот од 1 јануари планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари. Со зголемување на акцизата и ДДВ-то цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари.

Бројот на возила во Република Македонија во ноември 2016 година изнесувал:

226.513 возила кои возат на бензин

203.643 возила кои користат дизел

11.620 на плин

63 електромобили

Тоа значи дека половината од возилата во Македонија се на дизел. Особено  дизел согоруваат оние возила кои повеќе се возат, бидејќи дизелот е гориво кое е поевтино.

Автомобилите најчесто имаат резервоар од 40 до 60 литри. Просекот изнесува 50 литри по резервоар.

Тоа значи дека секое полнење на резервоарот со дизел ќе значи и 200 денари ПОВЕЌЕ трошок.

Ова покачување особено ќе го почувствуваат камионџиите и компаниите за шпедиција.

Камионите во Република Македонија се 99% на дизел и возат речиси секој ден.

Камионот троши околу 40 литри дизел на 100 км. Тоа значи дека со новата акциза камионите ќе трошат 150 денари ПОВЕЌЕ на секои 100 километри.

Ако камионот вози 500 км дневно (низ Македонија), тоа се 750 денари ДНЕВНО, или 15-20.000 денари МЕСЕЧНО.

 

ТАКСИСТИ

Речиси половина од таксистите во Македонија возат автомобили на плин, а половина на дизел.

Тие ќе бидат изложени можеби на најголем удар.

Треба да се има во предвид дека покачувањето на акцизата ќе удри и врз самата држава. Тука пред се поголеми трошоци ќе добијат Јавните претпријатија за градски превоз, болниците, армијата, полицијата и сите останати буџетари кои поседуваат возила.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.