Сопственик на ресторан од Скопје ja воодушеви цела Македонија: “Не ги отпуштам вработените по цена и фирмата да пропадне”

Сопственикот на националниот ресторан “Maл Алтан” од Скопје напиша статус на својот Фејсбук профил со кој ги освои симпатиите на целата држава:

“Јас Горан Блажевски, сопственик на Мал Алтан, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш, и така да ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка целосна, од мене и мојата фамилија”, напиша Блажевски.

Неговиот статус на Фејсбук за кратко време се прошири на социјалните мрежи, а Блажевски добива пофалби од сите страни за ваквиот гест.

СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРЕ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.