Свештеникот Далибор сам ја пopoдил својата сопруга во својот дом: Бебето било побрзо од брзата помош (Видео)

Свештеникот Далибор Стефановиќ од Лесковац, Србија, ја породил својата сопруга во нивниот дом, а Брзата помош стигнала кога требало да се пресече папочната врвка – објави српската телевизија “Прва”.

Фотина побрзала да стигне на овој свет порано, Далибор викнал Брза помош, но бебето било побрзо.

Гордата мајка, Тамара Стефановиќ, вели дека била малку испаничена, затоа што се грижеле како се’ ќе помине, но сопругот бил тука да ја смири.

“Ја почестив “бабицата” таман да има малку џепарац за патот”, вели Тамара за својот сопруг.

Инаку, бебето го добило името Фотина по светителката која тој ден се празнувала. На семејството Стефановиќ ова им е шесто дете.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.