Група охриѓани, познати и помалку познати, во еден викенд направија уникатна преработка на легендарната песна
“Боемска рапсодија” од групата “Квин”, која стана “Охридска рапсодија”.
Од она што го најдовме по социјалните мрежи, видеото е дело на Пеце Настевски, а идејата и инспирацијата е на Никола Јосифоски.
Во видеото учествуваат 74 луѓе и сето тоа е одлично спакувано.
Уживајте во продолжение и направете нешто слично и вие во овие денови кои сите ги поминуваме дома.