Имате свој човек во “Дојче банк”: Крушевчанецот Горан Цветкоски им помага на Македонците во Германија

За Македонците кои живеат и работат во Германија, решавањето на банкарските прашања понекогаш може да биде предизвик, особено кога станува збор за разбирање на условите за кредит, финансирање автомобил, купување сопствен дом или планирање на финансиската иднина. Но, кога советите можат да се добијат на мајчин јазик, целиот процес станува поразбирлив и полесен. Токму тука е можноста што ја нуди Горан Цветкоски, нашинец од Крушево, кој живее и работи во Германија и веќе повеќе од три години е самостоен финансиски советник за Deutsche Bank, една од најпознатите банкарски институции во Европа. Со претходно петгодишно искуство во НЛБ Банка во Прилеп, Цветкоски денес им нуди финансиско советување на физички лица од цела Германија, со посебен акцент на нашите луѓе кои сакаат да добијат информации и насоки на македонски јазик.

Без разлика дали веќе живеете и работите во Германија или допрва планирате да заминете таму, добро е да знаете дека постои можност за директен контакт со наш човек кој ја познава банкарската работа и може да ви помогне подобро да ги разберете достапните опции – од приватни и автомобилски кредити до станбено финансирање и пензиско штедење.

Во интервју за Маркукуле.мк, Горан открива кои услуги им се достапни на клиентите, како може да се организира советувањето и зошто е важно навреме да се размислува за финансиската сигурност.

Маркукуле: Горан, како започна твојот професионален пат во банкарството?

-Мојот професионален пат во банкарството започна во НЛБ Банка во Прилеп, каде што работев пет години. Тоа искуство ми овозможи да стекнам солидни банкарски знаења и практични вештини. Денес, веќе три години и четири месеци, работам како самостоен финансиски советник за Deutsche Bank во Германија.

Маркукуле: На кого му се достапни твоите услуги и на кој јазик се одвива советувањето?

-Моите услуги се достапни за физички лица од цела Германија. Посебно ми е важно на нашите луѓе да им овозможам финансиско советување на македонски јазик, за полесно да ги разберат можностите, условите и постапките при изборот на соодветен банкарски производ.

Маркукуле: Дали клиентите мора да дојдат лично во филијала?

-Не. Советувањето е достапно за клиенти од цела Германија, а зависно од потребите, може да се организира и лична средба. Мојата матична филијала е во Warendorf (48231), а по претходен договор се можни термини и во Münster (48143) и Rheine (48431).

Маркукуле: Кои банкарски производи најчесто ги бараат клиентите?

-Најчесто станува збор за приватни кредити, вклучувајќи потрошувачки и автомобилски кредити. Исто така, клиентите можат да добијат советување за станбени кредити, како и за финансирање на реновирање и модернизација на постоечки имот во Германија. Работам исклучиво со физички лица и се обидувам за секој клиент да најдам решение што одговара на неговите потреби и финансиски можности.

Маркукуле: Што би им препорачал на Македонците во Германија кои сакаат да планираат за својата иднина?

-Важно е навреме да се размислува за финансиската сигурност во пензионерските денови. Од 1 јануари 2027 година се предвидува зголемена државна поддршка за договорите што ќе бидат склучени по тој датум, со субвенции до 540 евра годишно по лице и дополнителни 300 евра годишно по дете, зависно од исполнувањето на условите.

Маркукуле: Како можат заинтересираните да стапат во контакт со тебе?

-Сите заинтересирани можат да ме контактираат преку е-пошта на [email protected] или да ми испратат СМС-порака на 0176/727-45-171. Со задоволство ќе им помогнам со информации и советување на македонски јазик.

Маркукуле: Која е твојата порака до нашинците во Германија?

-Не двоумете се да се информирате пред да донесете важна финансиска одлука. Без разлика дали станува збор за автомобил, приватен кредит, сопствен дом или пензиско штедење, добро информираното решение е првиот чекор кон поголема финансиска сигурност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.