Денеска на теренот со вештачка трева, во населбата “Типски” во Прилеп, се одигра пријателски натпревар помеѓу екипите на Братство од Житоше и Воска Спорт од Охрид.
Гостите од Охрид беа подобри и триумфираа со 2:3.
Стрелци на головите за Воска Спорт беа: Наум Велјаноски, Никола Митровски и Тефил Силјаноски.
И двете екипи се натпреваруваат во Втората лига. Братство е во конкуренција со Победа во Втората лига – Исток, а Воска Спорт се натпреварува во Втората лига – Запад.