Стара вест ја „сруши“ владата на Заев и Ахмети

Стара вест ја „сруши“ македонската Влада. Голем број корисници на социјалните мрежи, меѓу кои и искусни новинари ја споделија информацијата од пред скоро две години, дека ДУИ ги повлекува министрите од Владата.

Дизајнот на веб порталот на чија што вест се повикуваа голем број читатели но и актуелната политичка состојба дополнително допринесоа веста да се прошири и да добие на „актуелност“. Врвот беше дсотигнат кога веста почнаа да ја објавуваат и одредени веб портали.

Сепак, станува збор за ситуација од 2016 година кога ДУИ ги повлече министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ и на нивно место постави млади кадри.

Според информациите кои сега ги даваат партиите дел од владината коалиција но и самиот премиер Заев, коалицијата СДСМ – ДУИ е стабилна, а Законот за јазиците не треба да предизвика поголем потрес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.