Доаѓа пеколен бран – Македонија ќе биде „заробена“ во високи температури

Sonce-na-modrem-nebu

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од  31 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Следува период на претежно сончево и многу топло време. Во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло се очекува да биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура ќе достигнува 40 степени.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.