Taрчуловски атакува на сигурна победа во вториот круг од изборите: Херојот на Македонците ќе го зачува бастионот на ВМРО-ДПМНЕ

Јохан Тарчуловски верува во сигурна победа во вториот круг на локалните избори во недела. Тој верува дека граѓаните се пробудени и дека бастионот ќе остане во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, последните гостувања во ТВ Алфа и дуелот со неговиот противкандидат Темелковски во емисијата “Само вистина” на Канал 5 Телевизја, предизвикаа лавина од поддршка за Јохан по социјалните мрежи.

Дури и голем дел од граѓаните кои во првиот круг гласале за Темелковски ветуваат поддршка овојпат за Тарчуловски. Причината за тоа главно ја темелат на визијата од неговата програма, која изобилува со проекти за подобра Кисела Вода, наспроти празните зборови на Темелковски, кој без никакви рокови и визија говореше дека ќе изгради и направи буквално се’ во општината.

Во фокусот на градоначалничкиот мандат на Јохан Тарчуловски ќе бидат странските инвестиции кои благодарение на позитивната политика која претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја имаше кон инвеститорите ќе продолжат со своите инвестиции во општините во кои градоначалник ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како дел од проектите кои се многу важни за граѓаните на општина Кисела Вода ги напомена реконструкцијата на атмосферската канализација во населба Црниче за која се одвоени веќе пари од буџетот на општината, како и реконструкција на главната улица во населба Драчево.

Во однос на црната кампања која се водеше во изминатиот период против него потенцираше дека како човек кој се борел за својата држава бил испратен од владата на СДСМ во меѓународниот суд во Хаг, а за време на својот престој таму добивал помош од државата. Тој додаде дека сите затвореници во судот во Хаг добивале помош од своите матични држави, а конкретно одлуката на владата за давање парична помош на фамилијата Тарчуловски е одобрена од влада предводена од СДСМ. Љубе Бошковски исто така добивал помош од државата, но конкретно неговиот случај бил искористен во политички цели и го обвини својот против кандидат за водење на нечовечка кампања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.