Oва е тоа кога ќе кажат “баба го возела”: Фиат пунто се запалило бидејќи 77-годишната сопственичка го возела само во прва

Полицијата во Бјеловар била повикана да расчисти случај со запален автомобил кој бил во сопственост на 77-годишна жена.

Било утврдено дека сопственичката на автомобилот го возела во прва брзина, поради што дошло до прегревање на моторот.

“Откако го паркирала автомобилот и заминала, тој се запалил кај моторот, кој целосно изгорел. Исто така дошло до пукање на ветробранското стакло”, велат од противпожарната единица на Бјеловар, а пренесува N1 Сараево.

“Пет месеци немав возено, седнав во автомобилот и тргнав кон центарот на градот. Се сеќавам дека префрлив во прва брзина и тргнав. Бидејќи барав место за паркирање, возев сосема полека, го паркирав автомобилот и отидов во градот. Мојата куќа се наоѓа на еден километар од Деметрова улица, каде што го оставив автомобилот. Кога се вратив за еден час, полицијата и пожарникарите беа на местото. Се шокирав кога го видов автомобилот прекриен со пена”, вели 77-годишната жена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.