Денес точно напладне во клупските простории на негово барање прес конференција одржа старо-новиот Шеф на стручниот штаб на Победа, Тони Мегленски. На средбата со новинарите, која беше од отворен карактер и на која присуствуваа и неколку помлади и постари навивачи, Мегленски нагласи дека приоритет во периодот кој следи е да се подигне екипата на психолошки план и дека ќе се борат до последната капка пот за да Победа остане во Првата лига.
-За мене историјата како да се повторува. Сите знаете што значи овој клуб за мене. Јас се вратив во клубот за да ја вратиме Победа на правиот пат, а тоа е освојување на титули, по тоа е и познат овој клуб, а не ова што се случува. На почетокот на сезоната напрвивме конкурентна екипа на Вардар и Шкендија, но сето натаму знаете што се случуваше не треба јас да повторувам. Почнавме да се враќаме на тие стари навики на аматеризам, јас тоа не можев да го поднесам и бев во конфликт со скоро сите и затоа на крај јас ја платив најголемата цена. Сега затоа кажувам сите се потребни на клубот, мора да се обединиме целиот град, во спротивно се е залудно и мислам дека на крајот од сезоната сите заедно ќе бидеме победници, а најмногу играчите. Не е лесно да се биде играч на Победа во било кое време, па ни сега. Победа е голем клуб. Победа не е малски клуб некој да си тера лични интереси. Играчите мора да бидат во преден план ако сакаме да има успеси во иднина.
На новинарско прашање како да се стигне до опстанок Мегленски рече:
-Од сите нас градот на спортски план може да очекува борба до последен момент, до последна капка пот, дека ќе направиме се да се спаси клубот. До крајот на првенството има уште 13 кола и во игра се уште 39 бодови. Ние во соблекувална имаме заеднички цел како да ја оствариме целта и сите заедно да се обидеме-како и лани и оваа сезона да се спасиме во борбата за опстанок. Па ќе видиме. Во 13-то коло Победа беше 4-та на табела и изборен пласман во полуфиналето од Купот на Македонија. Доттогаш ја имавме контролата над екипата, а потоа започна кризата. Имаше многу проблеми на кои не сакам да се навраќам. Би било некоректно да кажам дека екипата сега е драстично ослабена, но не значи дека нема квалитет. Напротив 50-60% од играчите од есенската полусезона се останати, во клубот а има неколку нови играчи. Повторно ќе кажам дека најголем мој успех ќе биде да ја крениме на психолошки план екипата. Не е исто да се игра во Победа или во друг клуб, додаде Мегленски.
Одговарајќи на друго новинарските прашање Мегленски рече дека многу пријатели и колеги му се јавувале овие денови дека многу ризикува што се враќа во екипа како Победа, но тој вели дека и самиот негов почеток како тренер минатата година бил ризик и затоа не се плаши.
-Во координација со играчите особено со капитенот Дарко Тофилоски имав состанок пред да прифатам, од нивни агол видов каква е ситуацијата во клубот и бев на некој начин убеден и од нивна страна дека мора повторно да се обидеме овој клуб да се спаси. Јас барањата од играчите ги поставив како мој услов за да се вратам во клубот да можеме сите заедно да се обидеме да го вратиме клубот, а не да се размислува за отпаѓање. Знам дека ситуацијата е тешка, но ако не се обидеме сега и во овој момент и кој ако не ние играчите и јас како тренер. Рецептот го знаеме кој е од ланската сезона, разговаравме доста на тренинг овие 2 дена, запознати се играчите со моето размислување. Мој најголем успех ќе биде да се крени екипата на психолошки план, бидејќи тука е многу падната дали од финансиските побарувања кои се број 1 и сето тоа што се случувало во тој период. Се договоривме во соблчекувална да имаме план со играчите во соблекувачната и тој план не смее никој да го знае. И се надевам дека ќе успееме како и минатата година да се спасиме бидејќи овој клуб не заслужува да биде во Втора или Трета лига. Се вратив да играм и во Трета лига и со сите што беа инволвирани во клубот, и управи и Стручен штаб успеавме клубот од Трета лига да го вративме во Прва лига. Победа мора да се врати на правиот пат а тоа е освојување на титули. Но прво мора да направиме стабилен прволигаш, стабилни школи а после се ќе си дојде и Европа и титули, истакна старо-новиот Шеф на Стручниот штаб на Победа.