Maкрон ја разобличи Владата?! Милошоски му се заблагодари (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон преку видео порака им порача на македонските граѓани дека тие ќе одлучат дали се за промена на Уставот на државата согласно Договорот со Грција и дали ќе гласаат за Северна Република Македонија.

Aко министрите и премиерот тврдат дека граѓаните ќе гласаат за “Eвропска Македонија” и избегнуваат да ја кажат вистината, тоа за нив го стори францускиот претседател.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фесбук профил упати благодарност до Макрон за вистината која тој преку три минутно видео им ја соопшти на македонските граѓани.

“Му благодарам на искрениот француски Претседател Макрон, што во видео порака се обрати за референдумот. Тој имаше доблест да го каже она што го лажат Заев и Димитров.

Макрон: референдумот е за преименување во Северна Македонија (значи не е за Европска како што лаже Зоран Заев)!

Макрон: референдумот е за спогодбата со Грција да стапи на сила (не е за членство во ЕУ како што лаже Димитров, и во договорот нема никаква гаранција дека “Република Северна Македонија” во догледно време би станала членка на ЕУ; џабе би се менувало името, Уставот и џабе би се понижувања цела една нација и држава)!

Макрон: референдумот е за да смени Уставот на Република Македонија и сите документи и државни институции (не е за бесплатно здравство во ЕУ, ниту за лажните 25.000€ по земјоделец годишно, ниту за бесплатни студии, како што лаже Заев)

Макрон: Вие и Грција, вашата земја (може да замериме на ословувањето, но, барем е искрен дека во договорот нема ниту “М” од Македонци, македонски народ или македонска Влада и ниту Грција ниту ЕУ нема обврска да дава никаква гаранција за националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, кој ниту еднаш не е спомнат во договорот).
Затоа, благодарам Претседателе Макрон.

Вашето обраќање ќе му помогне на нашиот БОЈКОТ како демократска одбрана на нашиот Устав, име и достоинство!”, напиша Милошоски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.