Mладата Heвена Cтojaнocка од БК “AC” од Пpилеп е идната голема надеж за македонcкиот женcки бокc

Деновиве во Лесковац Србија се одржа интернационален боксерски турнир на кој дебитираше членката на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, Невена Стојаноска, која се натпреваруваше во кадетска конкуренција, во категоријата до 45 килограми. Противничка и беше искусната Нада Кривачевиќ од БК “Витез” од Ниш.

“Невена Стојаноска веќе 2 години тренира во нашиот клуб. Редовна е на тренинзи, дисплинирана и амбициозна во боксот. Што се однесува за првата нејзина борба можам да кажам дека имаше доста искусна противничка и сум презадоволен од нејзиниот настап. Од нејасни причини судијата и броеше два пати на Невена и автоматски борбата се прекинува. Невена настапи храбро тенички и тактички и пласира неколку снажни удари на противничката. Ова е само почеток и оваа борба е минато, планираме наредни борби за Невена и успешно да го претставиме нашиот клуб”, вели нејзиниот тренер Дарко Чатлески.

Во продолжение и нејзиниот настап на турнирот во Србија:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.