Луцидната и атрактивна асистенцијата на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов за време на финалето во ЕХФ Лигата на шампионите, помеѓу Вардар и Веспрем е прогласена за најдобра во измината сезона.
Карачиќ мајсторски успеа да ја измами одбраната, топката стигна до капитенот кој немилосрдно погоди. Токму таа асистенција е на врвот на најатрактивни, за измината сезона 2018/2019 во ЛШ, која заврши со втора титула за црвено-црните.
Погледнете: