дома блог страница 89

(ФОТО) Вака ќе изгледа реновираната спортска сала во Гимназијата “Мирче Ацев” – Потребни се и нови донации

Благодарение на “Прилепска Пиварница” завршен е еден голем дел од реновирањето на спортската сала во Гимназијата “Мирче Ацев”, објект кој повеќе време не е во функција за учениците.

Навистина е жално училиште од каде излегле еден куп врвни интелектуалци во сите општествени сфери, долго време да нема достојна спортска сала.

Од гимназијата велат дека се потребни и дополнителни донации, за учениците да добијат современ објект, каде на најдобар начин ќе ја реализираат наставата по физичко образование.

Честитки за “Прилепска Пиварница” за потегот да помогне, а сите останати општествено одговорни компании, нека го следат истиот пример.

Неприкосновени! Женската ракометна екипа од СОУ “Орде Чопела” трета година по ред најдобра на општинските натпревари (ФОТО)

Трета година по ред девојките од СОУ “Орде Чопела” Прилеп се шампионки на општинските натпревари во ракомет. Предводени од професорот по физичко образование, Дејан Јованоски – Рипило, девојките покажаа борбеност, тимски дух и огромно срце на теренот.

Општинските натпревари се одиграа денеска во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – РИЧКО” ПРИЛЕП, a покрај победничките, на турнирот учество зедоја и екипи од СОУ “Ристе Ристески – РИЧКО”, СОУ ГИМНАЗИЈА “МИРЧЕ АЦЕВ” и СОУ “ЃОРЧЕ ПЕТРОВ”.

Честитки за девојките и желби за нови победи и трофеи на престојните меѓуопштински, па и државни натпревари.

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, и годинава безрезервно ја поддржа кампањата за одговорно дарување. Со оваа кампања и ние како одговорна компанија за приредување електронски игри на среќа, се приклучивме кон зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерното играње. Кампањата за одговорно дарување ја организираа Националниот совет за проблеми со коцкање (NCPG) и Meѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње и проблематични навики на Универзитетот Мек Гил.

Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија, континуирано работи на едукација на играчите за опасностите кои ги предизвикува комплусивното играње. Во 2019 година е формиран СОС тим, прв од ваков вид во нашата земја. Активирана беше СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни лица од областа на психологија и психијатрија. Во рамки на проектот „Играј одговорно“, на 11 ноември 2025 година, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, се одржа едукативнo предавање, со цел подигнување на свесноста кај младите за ризиците и опасностите од прекумерно играње игри на среќа.

Бројни истражувањата укажуваат дека изложеноста на игри на среќа во најрана возраст, може да ја зголемат веројатноста од развивање проблематична страст кон коцкање. Изложеноста во периодот на детството најчесто е можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик. Лотариските производи не се соодветни подароци за децата, во ниеден случај.

Со приклучување на кампањата, ДВЛМ учествува во процесите на:

Едукација на заедницата за ризиците од коцкањето кај младите;
Промовирање одговорни практики за игри на среќа за време на празничната сезона;
Поддршка на напорите за спречување на проблемите со коцкање
Видеолотарија Касинос Австрија секогаш нагласува дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.

#GiftResponsibly

Мицкоски отфрли можност за предвремени парламентарни избори, пред државата има големи предизвици

Премиерот Христијан Мицкоски одби можност за предвремени избори.

Рече дека следната година пред државата има големи предизвици.

-Дали ќе има избори понатаму? Јас апсолутно во моето воведно обраќање кажав дека следната година, 2026, ќе биде предизвикувачка година. Треба да се обезбедат повеќе од 2,2 милијарди евра да се вратат долгови од минатото. Доколку ние би формирале техничка влада, таа има лимитирани маневарски способности и ќе биде многу тешко да се размавнеме и да го продолжиме овој тренд којшто го имаме оваа година и втората половина од претходната година, посебно во делот на економијата, вели Мицкоски.

Според него, на ВМРО-ДПМНЕ му одговарало на пролет да имало предвремени парламентарни избори, но требало да се гледаат државните интереси.

-Кога би размислувал политички, и теснопартиски, во наш интерес е на пролет да имаме предвремени парламентарни избори. Но, ние сакаме да размислуваме државнички и во таа насока и да се однесуваме. Интересот на граѓаните е подобра економија, подобри услови за живот и во рамките на можностите со коишто располагаме, се трудиме тоа да го сработиме. Така што, некогаш успеваме, некогаш не успеваме, таков животот. Еве, ќе се задржам на онаа реплика што некогаш ја користам, во политиката никогаш не вели никогаш, но шансите за такво нешто се многу мали, рече Мицкоски.

Последен ноемвриски викенд со врвно уживање во “ПОРТА” – Петок со Марифет, сабота денски со Тиана и Дани

Викендот повторно носи ново гурманско и музичко уживање во Ресторан “ПОРТА” – местото каде вкусната храна, прекрасниот амбиент и добрата музика секогаш одат заедно. Овој петок и сабота ве очекуваат две целосно различни, но подеднакво уживачки музички доживувања, кои ќе ви го разубават крајот на ноември.

Во петок, 28.11., со почеток од 20:30часот сцената ја презема Група “ДЕСПИНА”, со својoт секогаш препознатлив и милозвучен мелос. Битолчаните одново ќе приредат гурманска вечер за паметење.

Во сабота, Ресторан “ПОРТА” ве кани на денска ручек забава со прекрасните TИАНА И ДАНИ, девојките за чии настапи веќе зборува целиот град.

Не чекајте друг да ви раскажува, резервирајте навреме и поминете одлично време заедно со семејството, пријателите, колегите…

Телефон:078 368 111

Драма синоќа со дрвокрадци “камикази” во Прилеп – се судриле намерно за да избегаат од полицијата (ФОТО)

Во Прилеп синоќа повторно дрвокрадци камикази и повторно намерно судар со службено возило на шумската полиција, информираше на социјалните мрежи заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР.

Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството.

Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе, стои во објавата на Михаилов на социјалната мрежа ФБ.

(ВИДЕО) Законската обврска веќе важи, еве како правилно се поставуваат синџири за снег на возилото?

Со почетокот на зимската сезона од 15 ноември до 15 март, почнува да важи законската обврска за користење на зимска опрема во сите моторни возила. Правилникот за задолжителна опрема на возилата прецизно утврдува што секое возило мора да поседува во зимски услови.

Според пропишаното, за зимски пневматици се сметаат оние пневматици кои имаат на својата бочна страна ознаки со буквите Ем Ес, Ем плус Ес, Ем и Ес и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови.

Но, што кога условите на патот се навистина сложени – тука на помош секогаш доаѓаат синџирите за снег, но дали знаеме како правилно да ги поставиме?

МВР и Рeпубличкиот совет за безбедност во сообраќајот направија видео водич, за како правилно да се постави зимската опрема на возилото:

Во Кривогаштани фатен дрвокрадец од долненско Локвени

-На 24.11.2025, во 15:30часот во с. Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани, го лишиле од слобода З.Н. од с.Локвени, општина Долнени.

При преглед на патничко возило „фиат” со крушевски регистарски ознаки, кај него биле пронајдени огревни дрва без жиг. Дрвата се предадени на шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Сензација во НОВАЦИ: Падна Шкендија Арачиново, а голот за победа е вистинска фудбалска МАЈСТОРИЈА (ВИДЕО)

Фудбалерите на Новаци приредија сензација во Втората фудбалска лига, совладувајќи го лидерот на табелата Шкендија Арачиново со 1:0 на домашен терен.

Но, она што остави посебен впечаток беше погодокот кој го постигна Мартин Андоновски, еден прекрасен лоб од слободен удар кој предизвика воодушевување кај публиката и фудбалската јавност.

Погледнете:

Прилепски судии денеска ќе судат натпревар од Младинската лига на шампиони

Прилепски судии ќе ја делат правдата на денешниот натпревар од Младинската лига на шампиони помеѓу Стеауа и Академија Пушкаш. Судиската тројка ќе биде предводена од прилепчанецот Влатко Илиоски како главен судија, а негов асистент ќе биде Иле Мишески. Во тимот е и Мартин Дејаноски од Кичево, додека улогата на четврт судија ќе ја има Романецот Влад Бабан.

Натпреварот се игра денеска со почеток од 16:30 часот, а македонските судии ќе имаат значајна улога во водењето на овој важен дуел. Овој ангажман претставува уште една потврда за професионалноста, континуитетот и квалитетот на нашите судии, кои сѐ почесто добиваат доверба да ја делат правдата на високорангирани мечеви под капата на УЕФА.