дома блог страница 5544

ФОТО: Убиен украинскиот блогер кој се подбиваше со жртвите од паднатиот руски авион

bloger

Украинскиот блогер Максим Волох кој ликуваше и се подбиваше со жртвите на урнатиот руски авион А321 над Синајскиот полуостров, е убиен во неговиот стан во Киев, соопштии uralpolit.ru.

Според првични информации непознатите сторители ја искршиле вратата, влегле во домот на Волох и повеќе пати го проболе со нож, по што тој починал на самото место . Официјално украинските истражители не ја коментираат случката.

Потсетуваме дека овие денови на социјалните мрежи се појави видео во кое Волох отворено изразува радоста од трагедијата со невините патници на Ербас А321.

Во 20-минутниот клип блогерот со изобилство од непристојни изрази изразува радоста по повод трагичната катастрофа, во која загинаа 224 лица.

Упорноста и волјата на РК Прилеп наградени со плакета 3ти ноември

“ПЛАКЕТА 3ти НОЕМВРИ” оваа година заслужено доби и машкиот тим на РК”ПРИЛЕП” за континуираниот успех во спортските резултати на сите нивоа на клубот.Ова сигурно ќе биде мотив за во иднина да го вратиме сјајот на прилепскиот ракомет.

ФОТО: Игор Џамбазов го смени имиџот

igornov

Игор Џамбазов имаше доста турбулентен период во минатите неколку месеци. Две операции, закрепнување, па стана дедо… Сето тоа на човек му одзема доста време и енергија, па заборава и на бричење и на потстрижување.

1igornov

Но за среќа, сето тоа е зад него сега. Игор многу време поминува во домот на својата стара пријателка Весна Петрушевска, дружејќи се со неа, нејзините деца и нејзините родители.

Па така веднаш по бричењето на долгомесечната брада појде на дружба кај нив, а атмосферата го понесе па ја фати гитарата и заедно со Мина, ќеркичката на Бејби, ја запееја „Време за плачење“.

2igornov

 

Акцијата за ослободување на Прилеп, 3ти Ноември 1944

Могила_на_Непобедените-Прилеп

Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци Македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на Прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3.

На Брдо, под пиварата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада. Но обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.

Хуманитарна забава за поддршка на децата со посебни потреби

received_10205115460473920

Четврток, 05.11.2015 во 21:30часот во Арт Кафе-Апореа ќе се одржи Хуманитарна забава организирана од Интеракт Клуб при гимназија ,,Мирче Ацев”- Прилеп. Влезот е 50 денари. Собраните сретства ќе бидат донирани во центарот за деца со посебни потреби ,,Ѕуница”.

Тешка сообраќајка кај раскрсницата Чумовчанец во Прилеп

policija

Неофицијално на пешачки премин (кај Чумовчанец) е прегазено 14 годишно девојче од автомобил фолсваген шаран со прилепски регистарски таблици. Според тврдења на очевидци девојчето е во критична клиничка состојба. Полицијата моментално е на лице место и истрагата е во тек, се очекува увид да изврши надлежен јавен обвинител.

Тикет на денот – 03.11.2015

Манчестер Јунјтед – ЦСКА 1

Севиља – Манчестер Сити 3+

ПСВ – Волзбург 3+

Менхегладбах – Јувентус 0-2 г.

Момче и девојка пронајдени мртви во мотел во Битола

111

Две починати лица вчера се пронајдени во мотел во Битола. Според првичните информации на полицијата тие пред неколку дена ја изнајмиле собата, јавува битолската телевизија„Тера“.

Станува збор за лица од Битола, машкото родено 1982 година, а женското лице родено 1988 година.

Безживотните тела ги прнашле врабоени во мотелот. Лекар од итната медицинска служба констарирал смрт, а јавен обвинител наредил обдукција.

Одбележан 3-ти Ноември – Ден на ослободувањето на Прилеп

1

По повод одбележувањето 3-ти Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, делегации од Локалната самоуправа на Општина Прилеп, Советот, АРМ и Сојузот на борци од Прилеп положија свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски – Питу, на Могилата на непобедените и пред споменикот кај Песјобрдце. На истите локации по повод 3-ти Ноември свежо цвеќе положија и претсавници од останатите политички структури и група граѓани. Во рамки на одбележувањето на празникот, Патеката на славните е збогатена со имињата на Благоја Спиркоски – Џумерко и Илија Јанчулески.
Во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ вечерва ќе биде отворена и изложбата на Боро Митриќески. На изложбата ќе бидат поставени 10 скулптури во дрво, со кои ќе биде опфатен поголем дел од творештвото на авторот. Изложбата е во рамките на прославата на 3-ти Ноември – денот на ослободувањето на Прилеп.

2

3

4

5

6

7

8

10

11

12

KРАЛОТ MAРКО СЕ ВРАТИ ВО СВОЈАТА ПРЕСТОЛНИНА, ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ПРИЛЕП

12204896_10205621370629184_46657963_n

Многу легенди, многу преданија се сведоштва за Кралот Марко и неговото владеење. Симболот на Прилеп живее со генерации, неговата легенда се пренесува од колено на колено. Кралот Марко едноставно е главно обележје на Прилеп, а Прилепчани се горди на неговото владеење, неговата спремност и тактичност. Конечно градот го дочека и овој ден кога Кралот гордо ќе се исправи и ќе се надополни таа симболика што го отсликува градот. Кралот Марко се враќа во својата престолнина.

12188636_10205621370789188_524065423_n

Скоро десетметарското спомен обележје кое од денес ќе го краси градскиот плоштад Методија Андонов Ченто одлично ќе се вклопи во туристичката понуда на Прилеп и со својата грандиозност и величенствена изработка ќе сведочи за големината на Крал Марко и неговото значење за македонската историја, тогаш и сега.

12208017_10205621430790688_1599811839_n

12200596_10205621430070670_1780342634_n

12188339_10205621436710836_851620885_n

Крал Марко (роден околу 1335 – 17мај 1395) е последниот крал што владеел со поголемиот дел на Македонија пред освојувањето на земјата од Османлиите. Кралството на Марко се простирало во средишниот дел на Македонија, каде главен град бил Прилеп.
Тој е еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник на престолот.
За потеклото на неговата фамилија не постојат многу пишани извори. За најверодостојно се смета тврдењето дека нивното потекло е од Ливно во Босна и Херцеговина, од сиромашниот владетел Мрњава, кого царот Душан го повикал на својот двор и виско го издигнал. Врз основа на ова за семејството на крал Марко е прифатено презимето Мрњавчевиќ и како такво одамна е воспоставено во пишаната литература.
За време на владеењето на таткото на Марко, тој ја имал титулата “млад крал” односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год, Марко не учествувал во битката, туку остнал да управува со територијата на земјите на неговиот татко и неговиот чичко. Како што е познато во таа битка, македонската војска на свиреп начин е поразена од Османлиите, а Марко станува крал.
Сепак и неговото владеење било под постојани притисоци од една страна од српските големци, а од друга страна од Турците. Кулите кои се издигаат над Прилеп и се именувани по крал Марко (Маркови кули) биле неговото главно упориште . Според некои исоториски извори се верува дека истите биле бранети од 40 војници се до втората половина на XIII век.
И покрај упрноста да ја сочува својата територија, силата на Османлиите била голема и набрзо му биле одземени некои територии. Тоа било време кога многу владетели склучувале договори за мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Султанот Мурат I, се обврзал да плаќа данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи, се со цел да го зачува своето население од османлискиот терор.
Околу годината кога кралот Марко станал турски вазал постојат два извори. Имено едните тврдат дека тоа се случило во 1371 год. Или веднаш после Маричката битка, но постојат и извори кои ова го демантираат и сметаат дека неговото кралство опстоило како независно се до 1385 год., односно дека постоеле опсади на Прилеп и Битола се до таа година.
Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Тоа го постигнал како резултат на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност за осојузување, со што успеал најдолго ја сочува автномноста и независноста на кралството, дури и по цена на саможртва, се со цел да се опстане подолго.
На 17 мај 1395 год. во битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, оставајќи зад себе мистерија како тоа се случило и каде е погребано неговото тело. Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирче крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории не е потврдена од науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов (Константин Драгаш), кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.

12212529_10205621430190673_1964108794_n

Подготви : Александар Георгиоски