дома блог страница 5533

Француски воени авиони ја бомбаридраа Рака

francija-2222.jpg-500

Франција одговори на крвавите напади извршени во петокот на нејзина територија со интензивно бомбардирање на џихадистичкиот бастион Рака во источниот дел од Сирија.

Десет француски воени авиони уништија вчера 20-на објекти кои ги користеле од Исламска држава.

– Првата уништена цел беше објект што гокористеле од Исламска држава и кој бил команден пункт, центар за регрутација и складиште за оружје и муниција. Вотрата цел е тренинг камп за терористи, прецизира Министерството за одбрана.

Вкупно 12 авиона од кои 10 бомбардери полетале од ОАЕ и Јордан и учествувале во операцијата. Министерството наведува дека биле уништени цели во координација со американските сили.

ВИДЕО: Што појадува светот?

pojadok

Кросани и кафе, сланина и палачинки, овошна салата, овесна каша, ориз и зеленчук, бели печива, јајца и колбаси…погледнете што се нуди за појадок во различни краишта на светот и размислете дали тоа е подобро од парче леб со ајвар и биено сиренце.

 

Сончево време со температура до 22 степени

sonce-111.jpg-500
Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а повремено умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови.

Дневната температура ќе се движи од 14 до 22.

СМЕШКИ: Кога на бебе ќе му се погоди песната…(ВИДЕО)

Ова преслатко видео ќе ви го направи денот поубав.

bebe500

Во продолжение погледнете како изгледа кога на бебе ќе му се погоди песната.

ВИДЕО: Свари макарони и ги стави во тепсија – кога ќе го видите крајниот резултат и вие ќе го направите истото

makaroni

Цел свет ги сака италијанските јадења. Тие се подготвуваат во сите делови на светот и речиси сите со радост ги подготвуваат, но и конзумираат.

Ова јадење се базира на домати и е многу едноставно. Со оглед на тоа што за повеќето јадења од италијанската кујна е потребно време и долга подготовка, алтернативата е сосема во ред.

Погледнете го овој мошне специфичен начин на правење паста. „Пита“ пастата е феноменална опција за вечера која сите на масата ќе ги натера да бараат уште.

Ќе се пролонгирал конфликтот: Камерон го моли Путин да запре со бомбардирањето на џихадистите

putin-cameron5w4er65wr77

Британскиот ремиер Дејвид Камерон го замоли рускиот претседател Владимир Путин да го запре бомбардирањето во Сирија.

Тие двајца се сретнаа на Самитот на Г20, кој почнува денеска во Турција.

Според британскиот премиер воздушните напади само ќе го пролонгираат конфликтот, пренесе британски Mirror.

Инаку Путин повика на обединување против џихадистите од ИД.

ВИДЕО: Се правеше „фаца“ додека влагаше во рингот, а тогаш противникот го посрамоти!

fsjgdfgdaf

Џејсон Соломон е легенда! За оние кои никогаш не слушнале за него, ве разбираме – Џејсон е легенда само во неговата глава. Откако направи неверојатно дрзок и срамен влез во рингот, Соломон доби ќотек за само 9 секунди.

Погледнете…

Неверојатно пророштво на тибетските монаси: Што ќе се случи по 2015 година?

Една од карактеристиките на тибетската култура е склоноста кон употреба на духовната моќ за доаѓање до јасни слики за иднината.

monasi

Имено, туристи од Индија имале несекојдневна можност да сведочат на неверојатно предвидување од страна на тибетските монаси, за време на посета на еден тибетски манастир.

Монасите тврделе дека светските сили се движат кон уништување, но и покрај тоа светот нема да биде уништен.

Помеѓу светските сили ќе продолжат несогласувањата кои ќе прераснат во војни. Тероризмот и тајните војни ќе бидат главни проблеми. Тие предвиделе дека во светот на политиката, ќе се случи нешто големо и тоа околу 2015 година.

Целиот свет ќе биде во исчекување да се случи најлошото. Ќе се случуваат тешки политички маневри и преговори, но ќе има многу мал напредок. Светот ќе се стреми кон нуклеарна војна.

Сепак, како што предвиделе монасите, натприродна духовна сила ќе го спаси светот од уништување.

Она што е исто така интересно, е што монасите се насмеале „под мустаќ“ кога туристите им поставиле прашање во врска со НЛО-то кое се појавило над Кина, па рекле дека нас не надгледуваат вонземни сили. Во тој поглед на човековата врста нема да и’ биде дозволено да има удел во менување на иднината.

Монасите споменале дека по 2015 година, нашата цивилизација ќе сфати дека се наѕира крајот на видиците на науката и технологијата и дека светот ќе се насочи кон духовното а не материјалното.

По 2015 година, технологијата ќе се насочи кон еден поинаков развој и правец. Луѓето ќе ја спознаат целта на духовното, односно поврзаноста помеѓу телото, душата и умот. Според нивните тврдења, иднината на нашата планета е благословена. Планетата земја е спасена повеќе пати, а луѓето не се свесни за тоа. А како што технологијата ќе напредува, луѓето ќе станат се посвесни дека духовните сили ја спасувале планетата земја цело време.

Art Caffe Aporea & Calypso – 14.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”77″ gal_title=”Art Caffe Aporea & Calypso 14.11.2015″]

Поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за законските измените за легализација на дивоградби

gggggggggg.jpg-500

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ќе ги поддржи измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, што се во собраниска процедура.

Измените и дополнувањата, укажува пратеничката група, предвидуваат нов рок за поднесување барање за утврдување правен статус на бесправните објекти изградени заклучно со 3 март 2011 година, односно до истиот период кој важи и за објектите за кои се поднесени предходните барања, поради барањата на граѓаните кои не успеале да поднесат барање во предходниот утврден законски рок. Се утврдува рок за доставување на геодетски елаборати за новите барања до 31 декември 2017 година, а за објектите за кои претходно е поднесено барање за утврдување правен статус, се продолжува рокот за доставување елаборати, кој истекува оваа година и како краен датум се утврдува 31 декември следната година.

– Предложените измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти ќе придонесат за спроведување на постапките за утврдување правен статус на секој бесправен објект и токму затоа како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека на овој начин дополнително се излегува во пресрет на сите граѓани кои што досега не успеале да поднесат барања во некои од предходните рокови кои што ги предвидуваше овој закон, соопшти денеска пратеничката група на ВМРо-ДПМНЕ.

Новите измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, истакнува пратеничката група, исто така овозможуваат можност за легализација на бесправни објекти изградени на приватно земјиште. – Ова значи дека со стапување во сила на овој закон, сопственикот на дивоизграден објект ќе може да го легализира објектот на земјиштето што е во туѓа, односно друга приватна сопственост доколку во моментот на изградбата на објектот земјиштето било во сопственост на Република Македонија, се вели во соопштението.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека максимално ќе го поддржи овој закон бидејќи смета оти со легализацијата на бесправно изградените објекти досега се решија многу проблеми на граѓаните, односно се овозможи граѓаните да се стекнат со документ кој ја гарантира сопственоста на нивните домови и други видови на објекти.

– Продолжувањето на рокот за легализација на бесправно изградените објекти дополнително ќе допринесе секој оној кои што досега не успеал да поднесе барање тоа сега да го стори. Како пратеници исто така апелираме до сите граѓани, откако овие измени и дополнувања ќе стапат на сила, истите да ги искористат и да ги решат засекогаш проблемите со кои што се соочувале со години поради нелегализираните објекти. Како пратеници кои што ги браниме и застапуваме интересите на граѓаните на Република Македонија горди сме што токму овој проек досега овозможи да бидат доставени 360.000 барања за легализација, од кои 175.000 се поднесени елаборати, додека 135.500 барања се запишани во катастарот и се легализирани, се вели во соопштението.