дома блог страница 53

Се откажа од градоначалничката плата, Прилеп би заштедил 75.000 евра со овој потег

Независниот кандидат за градоначалник на општина Прилеп, Борче Чупетрески, денеска јавно објави писмена изјава заверена кај нотар, со која официјално се откажува од платата и сите надоместоци што законски му следуваат доколку ја извршува функцијата градоначалник.

„Мене со пари не ме купувате. Во животот сум имал и премногу и премалку, но секогаш сум имал достоинство и чест. Како човек на морал и принципи, изјавувам дека нема да работам за народни пари. Истите ќе ги донирам во хуманитарни цели – за општествено добро,“ стои во изјавата на Чупетрески.

Тој ги повика и останатите кандидати за градоначалници да го следат неговиот пример и да се откажат од платите доколку искрено им е целта да му служат на народот, а не на личниот интерес.

„Воедно ги повикувам и прилепските пратеници во Собранието да се откажат од своите плати, патни трошоци и додатоци – за доброто на граѓаните и на оние на кои им е навистина неопходна финансиска помош,“ додава Чупетрески.

“Натурализирани прилепчани” кои освојуваат со музички шарм – Група “ДЕСПИНА” во “ПОРТА”, резервирајте навреме!

Сите добро ги знаеме, сите одлично сме се забавувале на нивните настапи, и со нетрпение сме го очекувале нивното следно гостување во Прилеп.

Битолскиот состав кој некако е одомаќинет во градот под Марковите Кули, овој петок гостува во ресторан “ПОРТА”, место кое не е непознато за нив и каде се барало маса повеќе кога настапувале.

Ќе ве дочекаат со неодоливиот староградски шарм и пријатни звуци – одличен начин да се заврши работната недела, да се ужива во богатото гурманско мени и вкус што само “ПОРТА” ги нуди и секако единствениот блескав амбиент.

17.10. (ПЕТОК), почеток 20:30часот!

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111

А кога сме кај понудата на ресторанот, еве ви една убава фото галерија од маестрално приготвени трпези какви само “ПОРТА” може да понуди:

Наздравје!

Стотици деца ја пречекаа Кастратовиќ во Прилеп – Дружење, забава и учење за ракометната магија (Фото галерија)

Ракометниот караван во организација на Ракометната федерација на Македонија по успешниот старт во Охрид, вчера во Прилеп го имаше своето второ издание.

Под мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“, во спортската сала во ООУ „Добре Јованоски“, присутна беше ракометната икона, Индира Кастратовиќ, а гости и’ беа поранешниот репрезентативец од Прилеп, Горан Кузманоски, некогашната ракометарка, а сега ЕХФ судијка – Силвана Карбеска и левото крило на РК Прилеп – Димитар Димитриоски.

Главната цел на караванот е промоција на нашиот национален спорт – ракометот, како и запознавање на најмладите генерации со неговата убавина и вредност.

Огромен број деца зедоја учество на настанот, заедно спортуваа, се дружеа и научија многу повеќе за ракометната магија.

Eдно чудо народ во Нова Битола: “Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал, потребна е масовна излезеност”, порача Николоски

-Масовно во Битола! Оваа бројка покажува дека победата ќе биде голема уште во првиот круг! Градоначалникот Тони Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал и ниедна корупциска афера. Потребна е масовна излезеност за победа во прв круг, за да се продолжи во правилна насока! Број 9 за мнозинство во советот! Број 9 за Тони Коњановски – се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Мицкоски: Се трошат милијарди евра, но имам чувство дека граѓаните не го добиваат заслуженото

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Тој даде изјава за медиумите.

-Она што ние планираме да го правиме во здравството по завршувањето на локалните избори ќе бидат озбилни структурни реформи. Бидејќи имам чувство дека годишно трошиме една милијарда евра, а не го добиваме она што граѓаните и пациентите го заслужуваат, така и здравствените работници. Мислам дека има премногу надворешни влијанија. Тие надворешни влијанија треба да бидат минато ако сакаме да имаме здравствен систем во кој ќе имаме задоволни здравствени работници и задоволни пациенти, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека ваквите иницијативи секогаш се добредојдени.

Кога жените водат – општеството расте! Васе Стефаноска, лидерка со визија за современ Прилеп

Васе Стефаноска е носител на советничката листа на „Коалицијата за успех“ предводена од Либерално Демократската Партија, за Советот на општина Прилеп.

Таа е жена која носи нова енергија, искрен пристап и конкретни решенија за развојот и просперитетот на нашиот град.

Со над 20 години искуство во осигурителниот сектор, а по струка дипломиран инженер агроном, Васе е пример за посветеност, упорност и професионализам.

Луѓето ја знаат – затоа што е блиска, достапна и искрено заинтересирана за проблемите на граѓаните.

Заедно со кандидатот за градоначалник Жарко Бошкоски, Васе ја претставува визијата за еден нов, модерен и урбан Прилеп – град кој се грижи за секој човек.

Нивната програма вклучува решенија кои значат подобар живот за сите, од кои издвојуваме:

-Субвенции за возачка дозвола за сите млади во Прилеп.
-Нова атлетска патека долж кејот, од мостот Табана до мостот кај Димо Наредникот.
-Почист воздух и повеќе зелени површини – преку 10 нови мерни станици, нови велосипедски патеки и субвенции за еколошко затоплување.
-Бесплатен современ коворкинг простор за млади ИТ фриленсери – со брз интернет, топол амбиент, конференциска сала и обуки.
-Прилеп со најголем број зелени метри квадратни по жител – град кој дише и се развива.

Гласот за Васе Стефаноска е глас за одговорна локална самоуправа – во служба на сите граѓани, затоа што знае како, има решенија и верува во Прилеп што чекори напред.

Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.

-Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Млад човек, со сонувања, со музика и со енергија што допираше срца, сега замина предвреме, оставувајќи празнина која не може да се пополни.

Како родители кои ја почувствувавме најголемата болка од губење на нашите деца, ја знаеме бездната на тага што останува зад себе. Вашата болка е наша болка. Вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој нем збор, секој празен момент што го остава оваа трагедија.

Ова не е само број – ова е живот одземен, живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени, директно или индиректно? Колку уште семејства ќе бидат погодени од оваа ужасна трагедија? Правдата мора да се извојува! За Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен, за секој родител што плаче.

Почивај во мир, Панчо 🙏 Нека ти е светол патот до Царството Небесно 🕊️

Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели дека засекогаш ќе останат во нашите срца 🙏💔😢 А ние нема да молчиме – правдата мора да дојде, стои во објавата.

Дигитализација за живо културно срце на Прилеп – ЗНАМ ги претстави приоритетите за унапредување на културното богатство на градот под Марковите Кули (ВИДЕО)

Кандидатите за советници од Движење ЗНАМ за наша Македонија за Советот на општина Прилеп, денеска го претставија делот од својата изборна програма посветен на зачувување и унапредување на културното богатство во градот под Марковите Кули.

Прилеп е град со длабоки корени, богат со историја, традиција и уметност – и наша должност е тоа наследство да го негуваме и пренесеме на идните генерации – велат од прилепскиот огранок на ЗНАМ, од каде ветуваат дека како идни советници во Советот на општината ќе се залагаат за следните приоритети:

-Реставрација и одржување на историските и културни споменици со современ пристап и почит кон автентичноста,
-Дигитализација на локалната култура – создавање виртуелни тури, дигитални архиви и современа промоција на прилепските уметници и творци,
-Развивање на програми за културно образование и уметнички работилници во соработка со училиштата, со цел младите да ја чувствуваат културата како дел од својот идентитет.

“Зачувуваме традиција, градиме иднина”, велат од Движењето ЗНАМ за наша Македонија – Прилеп.

Лишен од слобода возач во Битола, управувал возило под дејство на алкохол, следува пријава

-На 14.10.2025 во 01:01 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ф.(44) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген” со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Ф., при што констатирале дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.87 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.

Сонот кој после 11 години стана јаве: Браќа од Прилеп 11 години, камен по камен го граделе овој величествен храм (Фото галерија)

Манастирот Покров на Пресвета Богородица се наоѓа во месноста Чалма – Прилеп, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село.

На 13.10.2018 година, се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. После 11 години секојдневна работа, се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, цели 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми.

Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и’ дошол на сон.

Денеска овој свет храм зрачи со посебна убавина, а голем број луѓе го посетија и за празникот Успение на Пресвета Богородица.

Манастирот има конаци, кујна, прекрасно поплочен двор со клупи за одмор и поглед за мерак кон Пелагониско поле.

Се започнало во 2002 година, кога на ова место бил подигнат мал параклис. Браќата Спиркоски со своите четири раце секој ден качувале цигли, ќерамиди, кревале, влечеле со јажина, а крајниот подарок за сите граѓани е овој – манастир кој вреди да се посети и секогаш да се ужива.

Главната манастирска слава е на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“.