дома блог страница 5133

Сега и тоа е можно: Праќајте пораки на WhatsApp и Viber без интернет конекција

eikuyfjgfdh-640x420

Дали знаете дека WhatsApp, Viber или Messenger отсега ќе може да ги користите и ако не сте поврзани на интернет?

Доволно е да имате СИМ картичка „ChatSim“ која ја издава сопственикот на еден италијански телеоператор, а може да се купи и во некои продавници кај нас.

Картичката не се разликува од било која друга, освен што има посебен додаток за и спраќање порака што на корисниците им овозможува да комуницираат преку WhatsAppa, Viber, или Messenger потполно бесплатно.

Картичката може да се користи во преку 150 земји ширум светот, меѓу кои и во Србија. Картичката трае година дена и ќе чини 999 динари, а корисна е за сите оние кои многу патуваат и имаат проблем со поврзувањето на интернет.

КОНЕЧНО: Најголемата ѕвезда се враќа повторно во клубот !

paolo_maldini_maldini_768227

Новите кинески сопственици на италјанскиот гигант Милан донесоа одлука, најголемата ѕвезда на клубот повторно се враќа дома.

Оваа идеа ја имала и Барбара Берлускони пред неколку години, но Андриано Галиани се противел на тоа бидеќи е во лоши односи со италјанската легенда.

Сега, по официјалното заминување на Берлускони од клубот ќе се разниша и позицијата на Андриано Галијани па неговиот збор нема повеќе да има значење.

Малдини го напушти Милан во 2010 година откако помина 25 години таму.

Италјанските медиуми тврдат дека тој ќе биде или тим менаџер или некој од спортските директори.

Тикет на денот – 09.27.2016

tiket-na-denot

Динамо Загреб – Јувентус 2
Спортинг Лисабон – Легија 1
Арсенал – Базел 1
Менхегладбах – Барселона 2
Селтик – Манчестер Сити 2
Лудогорец – ПСЖ 2

МАКЕДОНИЈА ИМА СПЕЦИЈАЛЦИ СО КОИ СЕ ГОРДЕЕ: Погледнете го промотивното видео за специјалната единица „Тигар“

tigri

Подготвени да поминат низ пекол, да учествуваат во секаков тип спасувачки мисии и да се соочат со неколку пати поброен непријател. Македонските специјалци дефинитивно заслужуваат почит и ранг помеѓу најврвните елитни полициски тимови во светот.

Ако ве повика овој број на Вибер, никако не се јавувајте

rstghdfgsdfhgsdf

Веќе подолго време корисниците на Вибер се жалат дека добиваат повици од бројот +266696687, а сега е откриено и што може да ви се случи ако се јавите.

Наводно, доколку се јавите на споменатиот број, хакерите лесно би можеле да ве следат на Вибер.

Тоа значи дека би можеле да добијат пристап до вашите податоци кои ги разменувате со пријателите.

Корисниците на Вибер се советуваат никако да не се јавуваат на непознати броеви.

 

Срѓан Керим се пласираше во финалниот дел од изборот за генерален секретар на ОН

srgan-kerim

Македонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации Срѓан Керим се пласираше во финалниот дел на изборниот процес, кој ќе почне на 5 октомври 2016 година, според резултатите од петтиот круг на гласање за оваа фунција што се одржа вчера во Њујорк.

Како што соопшти Кабинетот на Керим, со оглед дека се работи за специфичен начин на селекција, процесот на избор на Генерален секретар на ОН е прилично сложен.

– Станува збор за усогласување на регионални интереси, настојување да се обезбеди полова еднаквост при изборот, а сето тоа со цел да се одбере најдобриот кандидат. Досегашните резултати укажуваат дека имам поддршка на девет земји членки на Советот за безбедност, што е потребниот минимум за избор. Важно е во финалниот процес да не се добие вето од петте постојани членки. Во следниве неколку недели продолжуваат моите консултации со 15 земји членки на Советот за безбедност и други активности во функција на промовирање на кандидатурата, изјави Керим во соопштението.

Петте постојани членки на Советот за безбедност (САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија) имаат право на употреба на вето во финалниот дел на процесот кој се очекува да заврши во текот на октомври.

ФОТО: Двојникот на Ибра влета на терен за да му побара дрес

Златан Ибрахимовиќ е идол на навивачите на Манчестер Јунајтед, а меѓу присутните на „Олд Трафорд“ против Лестер Сити беше и неговиот двојник.

1

Момче со изглед кој неспорно потсетува на Златан Ибрахимовиќ влета в терен и го побара неговиот дрес.

Златан сред натпревар не му посвети многу внимание, но затоа фотографите ја условија физичката сличност меѓу двајцата.

2 3

ИСТРАЖУВАЊЕ: Чаша со црвено вино заменува еден час физичка активност !

red-wine-1004255_960_720

Конечно добри вести за луѓето кои се премногу мрзливи да вежбаат во фитнес центрите а уживаат во добро црвено вино.

Новото истражување на Алберта Универзитетот во Канада потврди дека ресвератролот, супстанца која ја има во црвеното вино, влијае на организмот на идентичен начин како што влијае и вежбањето.

Џејсон Дјук, кој работеше на ова истражување тврди дека црвеното вино може да го подобри здравјето на луѓето кои не се физички активни. Тоа се неверојатни вести.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

ВИДЕО: Стави октопод во тегла, тоа што се случи е неверојатно !

hobotnica-ps-600x405

Авторот на видеото направи интересен експеримент затвораќи октопод во тегла.

Тој ја затвора теглата и снима што се случува понатаму.

Веројатно никој од вас не очекува октоподот лесно да ја отвори теглата.

МАРКУКУЛЕ

 

Населеното место Беровци доби градинка: Втора градинка во општина Прилеп за кратко време

_mg_7128

Во присуство на Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески денеска свечено беше пуштена во употреба новата градинка во населеното место Беровци.

Спасов истакна дека една од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

[Best_Wordpress_Gallery id=”373″ gal_title=”БеровциГрадинка”]

„Една од формите на којашто активно работевме во изминатиов период за опфат на деца од предучилишна возраст е отворањето нови групи во други просторни услови, сè со цел достапност на услугата и за децата во руралните средини. Мрежата на јавни детски градинки во наредниот период ќе биде проширена ширум земјата бидејќи наша заложба е сите деца да имаат можност за згрижување и воспитание, независно од местото на живеење, а ние како министерство ќе направиме сè за тоа да им го овозможиме“ истакна Спасов.

Градоначалникот Ристески информираше дека општината вложила еден и пол милион денари за адаптација на просторот и за инвентарот. „Новата градинка во населеното место Беровци, многу ќе и помогне на општината за згрижување на децата од претшколска возраст. Реализацијата ја чинеше општината 1,5 милион денари за инвентарот и градежните работи. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги прошируваме капацитетите.

Лани во селото Тополчани отворивме градинка, за 100 деца се прошири капацитетот во постојната градинка во населбата Бончејца. Се надевам до крајот на оваа и почетокот на идната година уште 150 деца ќе бидат згрижени во претшколски институции зашто при крај е изградбата на објектите во населеното место Канатларци, а треба да биде отворена градинка и во Големо Коњари. Во меѓувреме ќе се вложат и 3 милиони денари во адаптација на простор за градинка во ОУ „Рампо Левката“ во Прилеп. На Прилеп му треба и градинка со голем капацитет и ќе се гради во населбата Точила со што треба да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

Градинката ќе поседува канцеларии за персоналот, санитарии за децата и персоналот и влезна партија. Дворното место ќе биде уредено со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор.

Со ваков инфраструктурен зафат ќе им се олесни работата и децата и на родителите од населеното место Беровци. Градинката во Беровци ќе може да згрижи околу 20-тина деца.