дома блог страница 5039

101 стан од државата за најранливите категории во Прилеп и Демир Хисар

Вкупно 101 новоизграден социјален стан во Прилеп и Демир Хисар ќе бидат распределени на граѓаните од најранливите категории.

111

Огласот, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, ќе биде објавен деновиве, а ќе се распределат 75 станови во Прилеп и 26 во Демир Хисар.

– Становите ќе се распределат на лица од различни социјални категории согласно Законот. Овие категории се утврдени во Законот, како што се приматели на социјална помош, деца без родители и повеќе други категории на лица кои ќе аплицираат. Распределбата ќе биде електронски, што значи со внесување на податоците за сите баратели ќе се одреди кому ќе му бидат доделени овие станови, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на скопската општина Кисела Вода.

ФОТО: Командант Арачиново уапсен во Диво Насеље

komandat

Уште еден командант на ОНА падна во рацете на полицијата по денешната акција на МВР за разбивање на јатаците на терористичката група во Диво Насеље.

Од полициски извори дознаваме, меѓу приведените е и Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како Командант Арачиново.

И тој како и останатите се сомничи за соработка и помагање на терористичката група која делуваше во кумановскиот регион.

Исто така меѓу приведените е и Рагми Љатифи од селото Отља за кој има информации дека му бил заменик на командант Малишева кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.

Во Дива Населба, специјалците на МВР убија 10, а уапсија 28 припадници на терористичката група, во акцијата на МВР беа убиени и 8 специјалци.

ФОТО: По прозивките, Елена им покажа на сите со кого се шета!

Вчера Боки 13 распали по Елена Ристеска повикувајќи се на текст од еден портал во кој се наведува дека позната поп пејачка се тепала со своето момче пред зграда во Аеродром.

elena rrrrr

После алудирањето дека во центарот на целата ситуација е нашата поп дива, Елена одлучи да покаже дека не се оптоварува со озборувањата. Таа прикачи фотографија со своите пријателки како се забавува на отворањето на еден ноќен клуб во Скопје.

Елена уште еднаш покажа дека пријателките се всушност најголемата поддршка и во најтешките мигови.

elena 22222

Прилепе мој роден град

markukule
Велат САМО ДОМА СИ Е ДОМА! И јас велам така, мојот роден град Прилеп за мене е “дома” и има посебно значење. Каде и да сум, илјадници километри далеку повторно и повторно се враќам во својот роден град, тука ми се мислите, тука ми е срцето, тука сум растел, тука се моите родители, роднини и пријатели, тука се сите мои најблиски! Не, воопшто не е страшно да си заминал на печалба кога длабоко во себе знаеш каде ти е местото и копнееш по СВОЕТО. Мојот роден град е прекрасен а морам да се пофалам дека во последно време доживува ренесанса, промена на личниот опис! Го чуствувам мирисот на мојот град каде и да сум, илјадници километри далеку. Замижувам и се исцртува сликата на централното подрачје од Прилеп или пак можеби стариот дел од градот “ВАРОШ” или можеби населбата “ТОЧИЛА” или пак мансатирот….. колку е само убаво! Сакај го Прилеп, придонеси и ти како поединец, направи нешто добро за својот град! Град Прилеп ЖИВЕЕ!!!

ГОРД ПРИЛЕПЧАНЕЦ

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу во Спортско – натпреварувачки дух

IMG_20151005_111153[1]

За учениците од СОУ „Кузман Јосифоски-Питу„ Прилеп, понеделникот , 05 октомври беше реализирана еднодневна екскурзија од спортско-рекреативен карактер на спортските терени на Могилата на непобедените благодарение на Управниот одбор на ЈКП Комуналец кој секогаш излегува во пресрет за потребите на децата и нивниот психофизички развој.
Спортско- натпреварувачкиот дух на одбојката и малиот фудбал предизвика задоволство кај учениците,со истакнување на спортските склоности и таленти. На натпреварите, од селективен карактер , младите економисти заслужено се „облажија“ со торти. И сето „тоа“ не би било „тоа“, без поддршката од Училишниот тим и наставниците по спорт и спортски активности Тони Стевананџија и Васил Гајтаноски, сите наставници и ученици.

IMG_20151005_113531[1]

Голема акција на МВР, се апсат соработници и логистичари на терористите од Дива Населба

Обемна полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица, соработници и логистичари на криминално-терористичката група од кумановската Дива Населба започна полицијата утрината.

dnaselba

Според првичните информации, веќе се приведени неколку јатаци и согласно договорот со надлежниот обвинител за гонење на организиран и сериозен криминал уапсените веднаш ќе се носат пред надлежниот судија.

Претресите продолжуваат во скопско и кумановско, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на денот, по завршување на акцијата.

ГОЛЕМО ДЕРБИ!!!

123

Интересен изглед на табелата во машката супер ракометна лига. И одличен предизвик и покана до сите љубители на ракометот во градот.

Сабота 19:00 часот, сала РИЧКО големо дерби Прилеп -Работнички. Дерби за врвот на табелата.

Златко Мојсоски, довчерашниот „прилепчанец“ против своите довчерашни колеги, одлична можност да се проследи во живо одличен ракометен натпревар и да се бодрат своите пулени.

Илјадници ирански војници пристигнаа во Сирија со поддршка за Асад

sirija-alepo-640x396

Илјадници ирански војници пристигнаа во Сирија и се придружија на сириската војска на Асад и на сојузниците Хезболах со цел да се отпочне со копнен напад против бунтовниците во Алепо.

Илјадници ирански војници пристигнаа во Сирија и се придружија на сириската војска на Асад и на сојузниците Хезболах со цел да се отпочне со копнен напад против бунтовниците во Алепо, јавува британски „Телеграф“.

Контролата врз градот Алепо како и неговата околина во близина на границата со Турција е поделена помеѓу сириските власти, бунтовничките групи што се против Асад и џихадистите на ИД што контролираат одделни рурални области во близина на градот.

Јасно е дека во тек се подготовките за големата битка. Има голема мобилизација од страна на сириската војска, елитната војска на Хезболах и илјадници Иранци што пристигнаа во последните неколку дена, велат претставници на власта за Ројтерс.

Џихадистите на ИД и другите бунтовнички групи, меѓу кои и групите спонзорирани од надворешните непријатели на Асад се бореле еден против друг во северниот дел на градот во областа каде Турција и САД се обидуваа да ја срушат ИД која контролира голем дел од територијата на Сирија и Ирак.

Офанзивата, што се очекува да почне наскоро, ќе опфати копнен напад врз бунтовниците во провинцијата Хама на крајниот запад. А во оваа офанзива ќе се вклучат и илјадници ирански борци кои се приклучиле кон борбата против ИД.

Имунизација против сезонски грип во Прилеп

vakcina-5-

Вакцинацијата против сезонски грип почна денеска во Прилеп. Годинава, Центарот за јавно здравје-Прилеп набави 2.100 вакцини против грип од холандско производство, пренесе МИА.

Ова го истакна епидемиологот д-р Татијана Мургоска Станимировиќ на прес-конференција во прилепскиот Центар за јавно здравје.

– Има интерес и кај помладите и секако кај хронично болните кои редовно сезонски се вакцинираат. Препораката од Светската здравствена организација е хронично болните да бидат опфатени со вакцинацијата дури со 75 проценти, рече Станимировиќ.

Според неа, досега во Прилеп нема регистрирано заболени од грип, а доколку има потреба, Центарот за јавно здравје ќе обезбеди дополнителни количества вакцини.

Станимировиќ додаде дека СЗО поттикнува што повеќе луѓе да се вакцинират против сезонскиот грип за да се спречат епидемии, а предност имаат луѓето со хронични, белодробни и кардиовасулари заболувања.

Започнуваат третите по ред „Регионални денови на културата во Пелагонија “

1

2

„Регионалните денови на култура“ ќе ги опфатат сите 10 општини во пелагонискиот регион.