дома блог страница 5036

Интервју на Васко Ефтов, челичната тупаница на новинарството кај нас

Успешните проекти опстојуваат секогаш. За успехот на некој човек секогаш ќе се говори и во позитивна и во негативна смисла, секогаш ќе постојат и такви кои ќе ја витоперат вистината и нечиите достигнувања ќе ги прикажуваат како зло, ќе настојуваат да наштетат, се со цел да ја нахранат својата гладна суета и својот внатрешен немир. Маркукуле.мк денес ви пренесува за еден навистина успешен проект, за еден изоден трнлив пат, за победата на упорноста над гладот на хиените.
Васко Ефтов и неговата емисија “Во центар” се доказ дека работливоста го краси човекот, дека истрајноста, трпеливоста и абициозноста се човечки внатрешни особини кои во неговиот случај биле клучот кон успех. Без влакна на јазикот, во борба за вистината и во служба на гледачите, секогаш настојува да ги извлече посакуваните одговори од своите соговорници, кои многупати биле и лесен залак послужен на малите екрани.

Добар ден Васко, добредојдовте на страниците на маркукуле.мк.

Добар ден и добро ве најдов .

Koга запловивте за прв пат во проектот наречен “ Во центар” ?

Емисијата Во Центар, под тоа име, почна да се емитува 1999 година на Телевизија Сител, каде се емитуваше до 2001 година. Пред тоа, но под друго име, од 1996 до 1997 година емисијата се емитуваше на Телевизија А1. Најдолго емисијата се емитуваше на Канал 5, од 2005 до 2011 година, каде што и сега се емитува. И да не остане незабележано-Во Центар беше емитувана и на Алфа и Алсат М. Од македонските национални телевизии не е емитувана само на МТВ и Телма. Можеби ќе ви звучи нелогично-но во телевизиското новинарство, како впрочем и во животот, е многу поважно да знаете да слушате отколку да знаете да прашате. Слушајќи го откривате соговорникот, неговите слаби страни и работи кои сака да ги истакне или сокрие, а прашувајќи вие ја дозирате динамиката на емисијата и динамиката на презентација на своето знаење. Ако слушањето ви кажува дека соговорникот е интересен тогаш можете да направите добро интервју од 50 минути само со 15 прашања. Ако соговорниците не се во форма тогаш емисијата ја завршувам со 60 до 75 прашања. Мојот интензитет на водење на емисијата е обратно-пропорционален со квалитетот на одговорите на соговорникот. Како судијата во фудбалот. Ако е фудбалот екстра квалитетен судијата не се ни приметува.

Денот кога започнавте да ја реализирате емисијата, каква цел си поставивте себеси, дали сметавте дека на македонската јавност и треба токму тоа и дали верувавте дека вашиот проект ќе се здобие со толкава големина како што е тоа денес?

Не знам како размислуваат другите, но јас многу ретко, ама баш многу ретко влегувам во такви метафизички процеси и проценки. Тоа е како во животот, едно момче и една девојка се сакаат. И тие ни двајцата не знаат или не се докрај свесни како тоа се случило. Но се случило. Не верувам дека некој тргнал со размисла како да направи најдобра емисија во Македонија или во светот. Тоа се случува или не се случува. Јас верувам во енергијата која се вложува. Знаете, победите и поразите се навика. Во нив се вложува помалку или повеќе енергија. На среден рок се изедначуваат вложената енергија и успешноста на емисијата. Во прво време уживате во успехот, а потоа станувате роб на успехот, бидејќи треба да научите како да го повторувате успехот од недела во недела, затоа што нема ништо постаро од последната емисија. Трагата која ја остава последната емисија се стандардите кои не смеете да ги нарушите со наредната. Затоа се најтешки за правење наредните емисии после секоја емисија која за вас е антологиска. Тогаш би сакале малку да уживате во успехот, но веќе наредното утро после емисијата се соочувате со реалноста-дека времето не ви е сојузник и дека за шест дена гледачите чекаат нова емисија.


Eмисијата “Во центар” прошета многу телевизии, на што се должи тоа менување на национални ТВ канали? Дали секогаш одреден притисок била причината, или вие лично не сте биле задоволни од понудените услови?

Шетана емисија е Во Центар. Со голема километража. Понекогаш со смеење констатирам дека емисијата Во Центар има сменето толку телевизии колку што Ивица Боцевски и Владо Поповски заедно немаат сменето политички партии. Секоја промена е стресна, бидејќи најчество доаѓа како резултат на одредени политички турбуленции. Но има некоја магија во тоа. Се тестирате од каков материјал сте направен. Во еден период во рок од девет месеци два пати ми беше забранета емисијата. Нема многу луѓе во Македонија кои можат повторно да се вратат на главната сцена во такви услови. Кога ви ја забрануваат емисијата прво што треба да се навикнете е тишината-одеднаш никој не ви се јавува. Кога емисијата постигнува одлични успеси треба да се навикнете на осаменоста-имате многу пријатели но сте оставен сам со вашите стравови дали следната емисија ќе биде подобра од предходната. Тој што не може да се избори со тие притисоци ќе остане просечен новинар.

Колку интервјуа сте реализирале до сега и дали Васко Ефтов имал трема пред некое интервју?

Според мојата евиденција сум снимил повеќе од три илјади интервјуа. Немам трема пред ниту едно интервју. Имам трема само кога се емитува мојата емисија. Затоа не ја гледам емисијата кога се емитува во живо. Во моментот кога емисијата се емитува пред јавноста тогаш таа престанува да биде само моја емисија и станува емисија на сите гледечи. Тогаш креативноста се претвора во популарност. А тој процес не е нималку едноставен. Осебено не за мене кој секогаш приватноста ја цени повеќе од јавноста.

После пауза емисијата ВО ЦЕНТАР се прикажува на Канал 5 Телевизија, на што треба да биде спремна македонската јавност, што можеме да очекуваме од вас оваа сезона?

Последната емисија на Канал 5 беше емитувана на 3 јуни 2011 година. Сега сме постари или поискусни за четири години. Тоа е еден олимписки циклус. Знаете не случајно олимписките циклуси се во траење од четири години. Ви овозможуваат да го одморите организмот и да ја темпирате формата. Мене никогаш не ме интересирале пријателски натпревари. Мене ме интересирале само финалиња на Лигата на шампините. Голем играч се станува само на големи натпревари. Малите и пријателски натпревари служат само за статистика, но не и за слава. Сега влегувам во нов олимписки циклус. Треба да бидам во топ форма во финалето, а не на полувремињата.

Постојат ли луѓе во македонската политичка фела кои сакаат да ви наштетат, плашејќи се дека имате што да откриете за нив?

Кога сте долго во овој бизнис тогаш ја научувате лекцијата дека треба да ја правите само вашата математика-како да бидете подобри и да имате одлична емисијата. Голема грешка е да ја правите математиката на противниците. Тогаш станувате дел од нивните сценарија. На врвот нема многу простор, има само разреден воздух и остри провалии. Со време човек научува како да се троши рационално и да балансира за да не падне. И мора да научите да се движите меѓу две крајности, меѓу она што Достоевски го кажува дека скромноста е губитничка особина и она што Италијаните го кажуваат дека ако сте ружа кога тогаш ќе процветате. Во основа се се сведува на правилно дозирање на суетата, амбициозноста и вложената енергија.

Кој според вас од лидерите на партии до сега во Република Македонија целосно ја заслужил власта, целосно се посветил на функцијата и бил наклонет кон народот? Има ли таков ?

Има политичари кои јас сум ги ценел и кои ја заслужуваат довербата на граѓаните. Но јавното фалење на некој од нив веќе би било навивање а не анализа. Таков луксуз јас никогаш не би си дозволил.

Што е тоа што треба да го засега македонскиот народ во денешно време, на што треба да го насочиме нашето внимание во наредниот период?

Народот треба да го засега само една работа-да го преживее оваа време. Ако преживее тогаш ќе има шанси да го промени животот на подобро. Не се сеќавам дека народ кој не преживеал потоа можел да живее подобро. Затоа целата енергија треба да ја канализираат само на една работа-да останат живи и здрави. А потоа да се борат и да чекаат да им падне седмица на лото. Но како велат никој не добил седмица на лото ако заборавил да го уплати ливчето. Затоа опстанете-се друго е секундарно.

Кое е вашето мислење за политичката криза и сега политичкиот диалог, какви се спротивставувања ќе има до крајот и дали ќе се реализираат изборите напролет онака како што доликува на едно демократско општество?

Сите кризи, како во реалниот живот, така и во политиката, се решаваат на три начини-со избори ( правите избор како сакате да живеете или која партија да ве води наредните четири години ), со развод, менување или разделување и со војна. Се надевам дека нашата криза ќе ја решиме со избори. Тоа си го должиме самите себеси и на идните генерации.

Ве прави ли нешто особено горд во животот, имате ли свое мото?

Дали ме прави нешто горд. Ако гордоста ја разбереме како уживање во успехот тогаш јас и не сум многу горделив човек. Но ако гордоста ја разбереме како енергија за подолго траење тогаш сум горд дека сум толку долго во игра и дека за моја среќа, а за несреќа на другите, наоѓам начин како да останам помалку потрошен од конкуренцијата. И да, не сум горд, туку среќен, бидејќи тоа не е работа на гордост туку на среќа со мојата ќерка Елени.

Има ли некој што го сметате за ваш наследник од новинарите кај нас, некој што би ја продолжил вашата мисија за дознавање и презентирање на вистината?

Јас не сметам дека некој треба да ме наследува. Дури по малку ми беа смешни сите оние обиди да бидат слични на мене. Ги гледав како вештачки сакаат да бидат агресивни во интервјуата. Јас не правев кариера со агресија, јас правев кариера со брзи прашања на кои соговорниците немаа одговор. Тоа се две различни работи. И турбо фолкот е поагресивна музичка форма од операта, но ретко кој од турбо фолкерите ќе остави силна историска трага. За жал насленик во медимуте не гледам, но на социјалните мрежи, на пример, сакам да ги читам статусите на Ина многу фина и на Бетмен велит. Не ги познавам но ја почитувам нивната енергија и мисла.

Што би им порачале на фановите и членовите на фан клубот “Васко Ефтов” oд Пелагонискиот регион?

Што да им порачам на фановите од Пелагонија? Да пијат златен даб на Широк сокак, едните имаат поубаво пиво, а другите поубави девојки. А може да биде и обратно. Јас никогаш не верувам само во една вистина, бидејќи за пивото и за девојките секогаш постојат најмалку две вистини.

Официјална покана за големо осветување на црквата “Св. Петка”

PLAKATA - OSVETUVANJE - v2

Почитувани верници,
Ве покануваме да бидете дел од големото осветување на црквата „Св. Петка“ во населбата Точила.
23.10.2015 година (петок) – 17.00 час вечерна богослужба
– 18.00 час духовна акдемија

24.10.2015година(сабота) – 07.00 час утрена богослужба со Божествена Архиерејска литургја и ОСВЕТУВАЊЕ на храмот
Со чинот на осветување ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско–новозеландски г. Петар и Епископ Хераклејски г-дин Климент, по што ќе следува и свечена литургија, а настанот ќе заврши согласно верските традиции со свечена трпеза на љубовта.
Иницијативен одбор за изградба на Храмот „Св. Петка“ – Прилеп

Следуваат поројни дождови: Повторно невреме во Македонија

333

Времето во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотраен слаб дожд само на северозападот од земјата. Попладне и кон крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде, поинтензивни ќе бидат врнежите во источните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој на крајот од денот повремено ќе се смени во засилен северозападен ветер, особено ќе биде забележлив во источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 17 до 23 степени.

Повремен дожд ќе има и во среда попладне и преку ноќта кон четврток, а во четврток врнежите ќе бидат поинтензивни особено во западните и јужните делови од земјата каде што повремено може да имаат и пороен карактер.

По скандалот: Елена Ристеска го покажа момчето! (ФОТО)

По скандалот дека го изневерува својот сопруг, Елена Ристеска го покажа момчето. Секако, Елена се пошегува на Инстаграм и објави фотка со својата пријателка со опис: Со дечко ми! Елена покажа дека знае да се носи со ситуацијата, а досега се нема огласено за скандалот.

123123

Внимавајте: Припадниците на овој хороскопски знак се најголеми манипулатори

manipulatori-1-640x396

Иако тие може да нaпарават да се чувствувате како најважната личност во светот, припадниците на овој хороскопски знак се најголеми манипулатори во Зодијакот.

Иако тие може да нaпарават да се чувствувате како најважната личност во светот, припадниците на овој хороскопски знак се најголеми манипулатори во Зодијакот.

Тие се студени, лукави и пресметани и може да се свртат против вас и да ве издадат на најлош можен начин.

Девица

Тие се студени лукави и пресметани манипулатори што ќе направат да мислите дека сте им најважната личност во светот, а потоа ќе се свртат против вас и ќе ве издадат на најлош можен начин. И во главата и во срцето имаат компјутер и постојано калулираат со мислите и емоциите.

Доколку не се вклопувате во она што им е цел, тие ќе ве држат покрај себе некое време додека не ве искористат, а потоа ќе ве отфрлат и ќе се свртат кон оние прилики што им нудат повеќе.

Тие се прфидни лажговци и ситничари, постојано приговараат, критикуваат се што постои. Тие не се караат и не го креваат тонот, туку со цинизам ќе „ве тепаат“ токму таму кај што ве боли, затоа што пред тоа, добро ве изанализирале и ве проучиле.

Тие се опседнати со своето здравје и постојано со себе носат купче разновидни лекови, нешто од аптека, нешто по рецепт од весници.

Тие се прават фини додека не дојдат до постелата, а потоа се претвараат во вистински блудници што ги знаат сите можни и невозможни техники за кои вие до тогаш не сте слушнале.

Секако по сексот веднаш брзаат во тоалетот, затоа што правеле нешто валкано оа потребна им е дезинфекција. Ако сакате да ги избркате од себе си, удрете по нивните комплекси, затоа што во суштина се ужасно несигурни.

Савески: Студентите се авангардата на едно општество

За тековните активностите и успесите на Студентскиот парламент при Технолошко технички факултет Велес разговараме со Александар Савески – Претседател на Студентски парламент при Технолошко технички факултет Велес и член на Сенатот при Универзитет Св. Климент Охридски – Битола.

Ваша организација функционира во рамки на Технолошко технички факултет Велес. Кога е формиран факултетот и кои студиски програми се активни?

Технолошко технички факултет Велес со дисперзирани студии во Кичево и Битола е формиран во 2008 година во рамки на проектот на Владата на Р. Македонија за отворање на нови факултети и дисперзирани студии. Студентите на прв циклус студии студираат на студиските програми: прехранбена технологија и биотехнологија и нутриционизам. Станува збор за инжењерски науки кои се ценети и атрактивни на пазарот на трудот.

Кои активности се предвидени за тековниот семестар во Вашата програма за работа?

На почетокот на семестарот беа организирани повеќе состаноци со студентите, на тој начин можеме со студентите да поразговараме за одредени проблеми, барања, но и да ги договориме следните активности. Веќе се започна со организација на првата студентска забава, ќе биде потпишан меморандум за соработка со Советот на млади на општина Велес, се подготвуваат трибини во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство со кои ќе бидат опфатени студенти од Велес, Кичево и Битола. По повод 17-ти ноември, светскиот ден на студентите ќе биде организиран III Студентски турнир во пинг-понг во соработка со Студентски парламент при Универзитетот  Св. Климент Охридски – Битола и Советот на млади на општина Велес. Во текот на семестарот продолжуваме и со активностите на меѓународен план.

image03 image02

 

 

 

 

 

 

Ги спомнавте активностите на меѓународен план. Што е следно?

Студентскиот Парламент од 2012 година е учесник на спортско – научните натпревари Технологијада. Контактите кои ги остваривме на овие натпревари ги дадоа своите резултати. Во ноември 2014 година беше потпишан меморандум за соработка со Студентските организации од Белград и Нови Сад, младинската иницијатива од Р. Србија „Сакам – можам“.  Во ноември 2015 година по втор пат сме дел од Меѓународниот конгрес за студенти по технологија во Нови Сад, а за прв пат добивме покана за спортски натпревари – ЕУРОИЈАДА 2015 на кој учествуваат студенти од голем број држави (Италија, Србија, Германија, Словенија, Македонија, Романија, Бугарија..). Се размислува и за изработка на партнерски проекти со нашите соработници.

image05

Дали студентите покажуваат интерес кон спортот?

За студентите се организирани бесплатни термини во спортската сала во Велес кои се максимално искористени. Во 2014 и 2015 година нашата фудбалската екипа го освои првото место на Универзитетската лига во футсал. Тоа е успех со кој што сите се гордееме. Во ноември ќе се одржи III Студентски турнир во пинг понг.

Во портфолиото на Вашата организација се забележани голем број успешни активности: обуки, спортски натпревари, соработки. Дали е тешко да се биде прв човек на организацијата, која е формулата за успех?

Кога се подготвува некоја активност може да се појават одредени потешкотии, но тоа за нас претставува дополнителен предизвик, да се вложи повеќе енергија и повторно да се успее. Ми претставува задоволство што сум дел од студентското движење, како прв човек на организацијата можам да истакнам дека успесите не се резултат на една личност. Формула за секој успех се доброто менаџирање, тимскиот дух, креативноста и амбициозноста која е карактеристика на нашите студенти. Студентите се авангардата на едно општество. Енергијата и креативноста на младиот човек се движечка сила за едно општество.

image04

Што би им порачале на младите, на студентите?

Ќе се повикам на изреката на Сократ „ Сега знам дека ништо не знам “. Учењето е доживотен процес. Континуирано да вложуваат во своето образование, во своите вештини. На тој начин вложуваме во нашата иднина, во иднината на нашата држава.

image00

Благодарност до markukule.mk,  Ви посакувам успешна работа и продолжете да не информирате за успесите на младите луѓе од нашиот град.

Касарната „Мирче Ацев“ со нов потполковник

1

Со церемонијално предавање на военото знаме и со свечено дефиле на единиците, денеска во касарната „Мирче Ацев“ беше назначен новиот командант на Гарнизонот Потполковник Ивица Цветковски кој новата функција ја прими од неговиот колега, од досегашниот Командант на Гарнизонот Полковник Жарко Ристески. Новиот Потполковник Цветковски се заблагодари за укажаната доверба која за него претставува голема чест, но и голема одговорност и вети дека успешно ќе ја извршува мисијата и зададените задачи.
Градоначалникот Ристески му посака здравје, среќа и успех во работата, посочувајќи ја досегашната заемната соработка меѓу општина Прилеп и касарната „Мирче Ацев“.

2

3

4

5

6 (1)

6

7

8

ФОТО: Оваа војничка на Путин е страв и трепет за Исламската држава и најголемиот маркетиншки трик

putintrik

Русинката „жена пилот“ капетанот Балислава, која ги бомбардирала Исламските држави (ИСИС) во Сирија, како што пренесоа некои светски сајтови не е борбен пилот, таа не е ниту Русинка.

Се дојде до сознание дека таа е всушност поранешен бразилски модел на која фотографиите и биле злоупотребени .

Фотографијата на „руската пилотка“, облечена во воена униформа која држи кацига додека леи на борбен авион преку ноќ стана интернет хит. „Каптенката Балислава“ ненадејно стана култна фигура.

Во еден извештај дури се наведува дека Исис ги разнела жена и дека терористите мислат дека нема да одат во рај затоа што ги убила една жена.

Меѓутоа подоцна е утврдено дека „капетанката Балислава“ по се изгледа и не постои, а дека навистина на фотографијата е Ана Хикман (34), поранешен модел на долна облека од Бразил, која работела за брендовите како што се Викторија Сикрет, Ниева, Лореал.

Мажена е и има едно дете, а моментално живее во Бразил.

Ова е фотографијата на „жената пилот“ која го запали интернетот.

1putintrik

 

Меѓународен Симпозиум за интердисциплинарност на сообраќајот и логистиката

13

Во организација на Школата за патен транспорт од Загреб, Р.Хрватска се одржа Меѓународен Симпозиум за интердисциплинарност на сообраќајот и логистиката на 1 и 2 Октомври. Како претставници од Р.Македонија на овој симпозиум со свои трудови учествуваа и Професорите од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ Прилеп: Јошески Борче со тема „Интелегентни Транспортни Состави“ и Секулоска Виолета со тема „Права и обврски на моторциклистите“.

11

Целта на овој симпозиум е да се поврзи Економијата со Образованието, Рамена на искуства во областа на технологиите на транспорт, сообраќајот и логистиката, превенција во патниот сообраќај, сообраќајни ескпертизи и др. научни достигнувања од областа на сообраќајот, транспортот и логистиката.

12

14

15

16

17

Почнува нова работна недела: Какво ќе биде времето?

dozd.jpg-500

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини и речни долини со појава на слаба магла. Претежно ќе биде тивко, само на повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 21 степен.

Од вторник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет и пад на температурата од среда за кога се очекуваат и пообилни врнежи од дожд.